8 светски ѕвезди кои не сакаат да имаат деца: „Никогаш немав амбиција да бидам родител“
- Детали
- недела, 09 април 2023
Не сите луѓе сакаат да имаат деца, а тука се и некои од светските ѕвезди. Едни поради кариерата, други поради годините, а трети, едноставно, никогаш не сакале да станат родители.
Кога се децата во прашање, тоа е личен избор, а многу познати личности велат дека всушност никогаш не сакале да имаат деца.
Мајли Сајрус, Џаред Лето, Киану Ривс, Мери Џеј Блајџ се само дел од ѕвездите кои во интервјуа открија зошто никогаш не станале родители.
Кои познати личности не сакаат да имаат деца?
Мајли Сајрус
„Ние само земаме и земаме и очекуваме да продолжиме да произведуваме. А, тоа исцрпува. Имаме одвратна планета и јас одбивам да му приредам таков живот на моето дете.
Сè додека не почувствувам дека моето дете ќе живее на планета со риби во водата, нема да создадам нов живот кој ќе се занимава со истите проблеми како ние“, Рече Мајли во интервју за Elle.
Џаред Лето
„Мислам дека е навистина важно да бидете присутни ако имате деца. А, јас имам многу други работи за кои треба да се грижам во моментов“, изјави тој за ES Magazine.
Анџелика Хјустон
„Веројатно ќе бев мизерна ако станев мајка. Кога зборувам за мајка ми, всушност сфаќам дека не сакам да ја повторам таа врска.
И, мислам дека ако имав дете, веројатно ќе имав ист однос како мајка ми со мене. Ќе беше премногу гласно, кавги, драми. Не е тоа за мене“, рече таа за The Guardian.
Мери Џеј Блајџ
„Имам внуки и внуци и секогаш гледам како луѓето се справуваат со децата, но и со тоа да најдат добри дадилки. Не сакам да поминувам низ тоа“, изјави пејачката во емисија на E!.