Сексапилната Соња Реј од „Млади бунтовници“ прослави 58-ми роденден – блеска како пред 20 години (фото)
- Детали
- недела, 12 март 2023
Се сеќавате ли на сексапилната Соња Реј од хит серијата „Млади бунтовници“? Денес изгледа исто како пред 20 години, иако го слави 58-иот роденден. Блеска покрај својот сопруг.
Пред 20 години, во аргентинската хит серија „Млади бунтовници“, Кетрин Фулоп ја имаше улогата на згодната Соња Реј, мајка на Марица, по која сите лудуваа.
Денес таа изгледа непроменето, се одржува во топ форма и има блескаво лице и насмевка, а го прослави својот 58-ми роденден.
На Инстаграм, Кетрин објави фотки со роденденска торта, како дува свеќи, покрај својот сакан сопруг и најблиските.
Инаку, таа е во среќен брак повеќе од 20 години, со аргентинскиот бизнисмен Освалдо Сабатини и има две ќерки.
М. М. | Црнобело