Ким Кардашијан очајно ги крие годините со Фотошоп – изгледа како секоја 40-годишна жена на неуредувани фотки
- Детали
- петок, 10 март 2023
Нови неуредувани фотки од Ким Кардашијан покажуваат дека ријалити ѕвездата очајно ги крие годините на нејзините објави, а во реалноста изгледа како и секоја 40-годишна жена.
Иако не е ништо ново дека Ким Кардашијан користи Фотошоп и секакви филтри на нејзините фотки, сега стана јасно дека сака да ги скрие годините.
Имено, Ким целосно си ја менува текстурата на кожата на фотките што ги објавува, па во реалноста изгледа како потполно друга личност.
Дури сега станува јасно дека и за фотките кои тврди дека се без филтри, сепак се со филтри.
Неодамна Ким присуствуваше на приватна забава на брендот Dolce & Gabbana во Милано.
Од настанот таа сподели неколку фотки на кои изгледа совршено со долг фустан со дезен како кожа на змија.
Но, сега јавноста почна да споредува фотки од истиот настан кои се објавени од други луѓе.
На настанот присуствуваше и моделот Леони Хан која сподели фотка со Ким, a на нејзината објава, ријалити ѕвездата изгледа како друга личност.
Ким изгледа одлично и на оваа фотка, но овде е многу поочигледно дека нема 20, туку повеќе од 40 години.
Во коментарите, повеќето се шокирани од вистинскиот изглед на Ким, но истакнуваат дека изгледа одлично и нема потреба да ги крие годините.
„Никогаш досега не сум ја видела Ким без филтри и Фотошоп!“
„Сигурно ќе те натера да ја избришеш фотографијата“.
„Ким изгледа прекрасно на оваа фотографија. Изгледа подобро на која било фотографија од неа од 2007 до денес“.
„Треба да разбере дека е во ред да изгледа како да има 40 години кога има 40 години“.
За Ким е познато дека плаќа свои папараци кои ги уредуваат фотките пред да ги пуштат во јавност, но периодов се појавија и неколку неуредени.
И на овие фотографии е јасно дека и на Ким ѝ се познаваат годините, што е сосема нормално.
Спирова С. | Црнобело