Ким Бесинџер (69), со изобличено лице и непрепознатлива, излезе од дома и покрај стравот – на забава во стриптиз бар (фото)
- Детали
- четврток, 09 март 2023
„Како сте сигурни дека ова е Ким Бесинџер?“ – прашуваат дел од твитерџиите што ги видоа фотографиите на славната актерка објавени на социјалните мрежи. Дел од нив се прашуваат што направила таа со лицето, заради што изгледа сосема непрепознатливо.
Додека некои холивудски актерки сакаат достојно да остарат и гордо ги покажуваат знаците на стареењето, други не можат да се помират со фактот дека годините им носат и брчки на лицето, па користат процедури за подмладување.
Актерката Ким Бесинџер (69) пред два дена, по долго криење во домот, се појави на „baby shower“ забавата на нејзината ќерка од бракот со Алек Болдвин, Ирланд, а предизвика низа коментари со својот непрепознатлив изглед и неприродно затегнато лице.
Минатата година, таа призна дека страда од агорофобија, ментално заболување што означува страв од отворен простор, а лицата што страдаат од оваа болест најчесто се плашат да излезат на јавни места, каде има собир на луѓе и стравуваат дека може да им се случи нешто и нема да можат да добијат помош.
Ова беше ретко појавување на актерката која последен пат глумеше во „50 нијанси потемно“, а таа на забавата носеше сив костум со црна кошула и црни чевли.
Но, на фотографиите никој не го гледа тоа што таа го носи затоа што сите погледи се вперени кон нејзиното лице.
„Сигурни сте дека е таа?“, „Добро е што ја препознавме“, „Непрепознатлива е“, „Богатите Американци одржуваат забави во валкани барови. Изгледа немаат хотели, ресторани во САД“ – велат дел од твитерџиите што имаа можност да ги погледнат фотографиите од Ким.
https://twitter.com/sallywilts/status/1633368014794915841
Актерката, на забавата по повод очекувањето на принова од ќерката, се појави заедно со дечкото Мич Стоун, со кого е заедно од 2014-та година, а настанот беше во стриптиз клуб.
Ирланд на Инстаграм се пофали дека на забавата била во секси долна облека со розова перика.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело