10 најбрутални раскинувања во Холивуд (Џулија Робертс побегна со најдобриот пријател на свршеникот)
Светскиот диџеј Калвин Харис раскина со пејачката Рита Ора со твит.
„Да ги потврдам шпекулациите, јас и Рита ја прекинавме нашата врска пред некое време. Таа е убава, талентирана жена и ѝ посакувам сè најдобро“.
Во интервју за магазинот „Мarie Claire“ Рита подоцна кажа дека не била свесна дека раскинале со Калвин, бидејќи никогаш не зборувале за тоа.
„Прочитав на Твитер дека веќе не сме пар. А мислев дека сме во таа фаза од врската кога чувствував дека не може да ми направи ништо лошо, дека ми го чува грбот и никогаш нема да ме насочи погрешно“.
Комичарот Расел Бренд стави крај на својот 14-месечен брак со Кети Пери преку СМС порака. Во интервју неколку години потоа Кети рече дека уште е во шок.
„Чувствував голема одговорност за крајот на нашиот брак, но потоа ја дознав вистината. Сфатив дека не е до мене, но боже мој, не заслужив да добијам СМС дека поднел барање за развод, наместо да ми каже в лице“.
Раперката Иги Азалеа го фатила вереникот Ник Јанг како внесува тајно други жени во нивната куќа, а потоа преку медиумите дознала и дека чека второ дете со бившата.
Затоа на Твитер напиша: „Се чувствувам како да не знам ни кој е по ѓаволите што го сакам цело ова време“.
Оскаровецот Даниел Деј Луис ја прекина шестгодишната врска со актерката Изабела Аџани преку факс кога дозна дека е бремена. Повеќе од 25 години подоцна, тој и нивниот син Габриел се блиски, но глумците веќе не разговараат.
Џејсон Деруло раскина со пејачката Џордин Спаркс преку телефон затоа што кога решил да ја прекине врската, не биле во ист град.
„Секоја врска има свои подеми и падови и знаете, кога ќе почнете да имате повеќе падови отколку подеми, треба да ја погледнете вашата врска и да се запрашате ‘дали е ова нешто што треба да го правам?’“