10 најбрутални раскинувања во Холивуд (Џулија Робертс побегна со најдобриот пријател на свршеникот)
- Детали
- сабота, 18 март 2023
Ако мислите дека на светските ѕвезди им оди сè во љубовта, се лажете. И тие преживеале драма поради бруталните раскинувања во минатото. Едни преку медиумите дознале дека нивниот партнер веќе не сака да биде со нив, други добиле СМС пораки дека е крај на врската, трети прочитале на Твитер.
Примери на брутално лоши раскинувања во светот на шоу бизнисот има многу. Познатите признаваат дека најчесто нивните партнери ги откачувале преку СМС пораки или со телефонски повик, бидејќи не сакале да се соочат со нив.
Години подоцна некои од нив се пријатели. Други велат дека бруталното раскинување никогаш нема да го заборават, а партнерот што ги оставил засекогаш ќе им биде непријател.
Прочитајте кои се некои од најлошите раскинувања во светот на шоу-бизнисот:
На денот кога требаше да се омажи за Кифер Сатерленд, Џулија Робертс побегна во Ирска со неговиот најдобар пријател, актерот Џејсон Патрик.
Џејсон и Џулија беа кратко во врска и раскинаа. Во интервју во 2021 година Џејсон потврди дека тој и Сатерленд се пак пријатели.
„Се сретнавме случајно во 2009 година и еве, уште сме блиски“.
Кошаркарот Крис Хемфрис преку медиумите дозна дека ријалити ѕвездата Ким Кардашијан поднела барање за развод.
„Ја сакам мојата сопруга и уништен сум што дознав дека поднела барање за развод. Подготвен сум да направам сè што е потребно за да ја вратам“, рече тој, но двојката сепак се разведе по неколку месеци.
Актерите Мет Дејмон и Мини Драјвер беа во врска една година кога за време на гостувањето во шоуто на Опра Винфри, тој рече дека е сингл.
Подоцна Мини изјави: „Му изгледаше како добро место да му соопшти на светот дека повеќе не сме заедно. И денес ова го сметам за фантастично несоодветно“.
Додека глумицата Лора Дерн беше отсутна од дома и снимаше филм, нејзиниот свршеник Били Боб Торнтон се ожени со Анџелина Џоли.
Во интервју подоцна Лора рече: „Тоа е како ненадејна смрт. Ни за мене, ни за него немаше конкретен крај на нашата врска, јас никогаш не дознав како дојде до тоа“.
Музичарот Џо Џонас ѝ раскинал на Тејлор Свифт во телефонски разговор кој траел помалку од 30 секунди.
Брзо потоа таа во шоуто на Елен Деџенерис изјави: „Кога ќе ја погледнам таа личност, нема ни да се сеќавам на момчето кое ми раскина преку телефон во 27 секунди кога имав 18 години“.
Години подоцна, таа повторно се појави на шоуто на Елен и рече дека изјавата за Џо е најбунтовното нешто што го направила како тинејџерка, но дека денес се кае што го навредила јавно.