Како изгледаат и што прават денес актерите од серијата „Седмо небо“?
- Детали
- недела, 19 март 2023
Џесика Бил изгради импресивна актерска кариера, додека Стивен Колинс, кој го глумеше таткото, се тргна од очите на јавноста откако призна дека сексуално нападнал три малолетнички – што прават другите актери од „Седмо небо“?
Серијата 7th Heaven, кај нас попозната како „Седмо небо“, почна да се снима во далечната 1996 година, а последната епизода беше прикажана во 2007 година.
Кај нас серијата почна да се емитувана почетокот на 2000-тите, и тоа еднаш неделно.
Дејството на серијата се фокусира на свештениот Ерик Камден, неговата сопруга и нивните седум деца.
Серијата ја освои јавноста поради важните лекции и животни вредности што ги промовираше, како доверба и љубов кон семејството.
Што прават денес актерите кои ги глумеа главните ликови?
Џесика Бил
Од целата актерска екипа, Џесика Бил веројатно има најуспешна кариера. Во серијата таа ја глумеше најстарата ќерка на свештеникот – Мери.
По завршувањето на „Седмо небо“, Џесика се појави во неколку филмови, како The A-Team и New Year’s Eve.
Подоцна почна да глуми и во серии, вклучувајќи ја популарната The Sinner за која беше и продуцент.
Актерката има добиено номинации за Златен глобус и Еми.
Од 2012 година, Џесика е во брак со Џастин Тимберлејк, а со него има и две деца.
Беверли Мичел
Беверли ја глумеше помладата сестра во семејството – Луси.
По крајот на „Седмо небо“, една од позначајните улоги ѝ беше во серијата The Secret Life of the American Teenager.
Во 2007 година, Беверли си ја проба среќата и како пејачка, па издаде албум.
Во 2008 година, таа стапи во брак со Мајкл Камерон, а на свадбата присуствуваше и Џесика Бил.
Со сопругот, Беверли има три деца.
Мекензи Розман
Мекензи ја глумеше најмалата ќерка во семејството Камден – слатката Рути.
По завршувањето на серијата, Мекензи генерално е држеше понастрана од јавноста, но сепак се појави во неколку филмови, вклучувајќи ги The Tomb, Fading оf the Cries и Beneath.
Денес Мекензи е страстен љубител на коњи, но и „зависник“ од адреналин.
Во 2022 година таа го роди првото дете.
Бери Вотсон
Бери го глумеше најстарото дете во семејството Камден, а во последната сезона извесен период беше отсутен.
Причината беа здравствени проблеми – актерот имаше Хочкинов лимфом, но ја победи болеста и се врати да ја доврши серијата.
Оттогаш, тој се појави во неколку филмови, како What About Brian и Samanta Who. Глумеше и во популарната серија Gossip Girl.
Актерот беше во брак трипати. Од втората сопруга има две деца, а со третата и сегашна сопруга има една ќерка.