Најскандалозните моменти во историјата на Оскарите: Шлаканицата на Вил Смит, Марлон Брандо ја одби наградата, гол маж претрча на сцената
Мет Стоун и Треј Паркер дојдоа облечени како Џенифер Лопез и Гвинет Палтроу
Комичарите Мет Стоун и Треј Паркер (креаторите на South Park), кои во 2000 година беа номинирани за најдобра оригинална песна, на црвениот тепих дојдоа облечени како Џенифер Лопез и Гвинет Палтроу.
Паркер носеше фустан копија на оној што Лопез го носеше на Греми наградите, а Стоун избра розов фустан по теркот на оној што Гвинет Палтроу го носеше претходната година на Оскарите.
Подоцна комичарите признаа дека биле издрогирани кога стигнале на церемонијата.
Погрешен филм беше прогласен за победник
Во 2017 година, Феј Данавеј и Ворен Бити го прогласија La La Land за победник во категоријата најдобар филм, но вистински победник беше Moonlight.
Грешката беше исправена за неколку секунди, но остана како дамка на Оскарите.
Гол маж претрча на сцената
Во 1974 година, фотографот Роберт Опел претрча гол на сцената. Церемонијата не прекина, бидејќи актерот Дејвид Нивен го продолжи шоуто.
„Зарем не е фасцинантно што некој маж може да ја натера публиката да се насмее само ако се соблече гол и ги покаже своите недостатоци?“, рече тој.
Марлон Брандо го одби Оскарот
Марлон Брандо ја освои наградата за најдобар актер во 1973 година, за улогата во филмот The Godfather, но одби да ја прими. Наместо тоа, на церемонијата ја испрати Сашин Литлфингер.
Пред бесната публика, таа кажа дека Брандо го одбива Оскарот во знак на бојкот кон филмската индустрија која ги третира со непочитување Индијанците во САД.
Она што во тоа време делуваше како шокантен момент, денес се смета за херојски чин.
Исчезна Оскарот на Хети Мекданиел
Еден од првите скандали на Оскарите се случи во 1940 година, кога исчезна наградата што ја освои глумицата Хети Мекданиел. Таа беше првата афроамериканка што освоила Оскар, па исчезнатата награда беше уште поголем скандал.
На Хети не ѝ беше дозволено ни да седи во публиката, бидејќи во тоа време луѓето со црна кожа беа третирани како робови.
Хети доби Оскара за улогата во филмот Gone With the Wind, во кој главната тема е ропството и војната меѓу северот и југот во САД.
А. Ј. | Црнобело