Лошиот однос на Мадона и брат ѝ кој почина – беше бездомник и алкохоличар, пејачката му свртела грб

Мадона и нејзиниот најстар брат кој почина неодамна беа во лоши односи – тој беше алкохоличар и бездомник и тврдеше дека пејачката и целото семејство му го свртиле грбот. Но, од друга страна, Мадона понудила да му плати за рехабилитација, но тој одбил бидејќи рехабилитацијата му била здодевна.

loshiot-odnos-na-madona-i-brat-koj-pochina-beshe-bezdomnik-i-alkoholichar-pejachkata-mu-svrtela-grb-01.jpg

Најстариот брат на Мадона – Ентони Чиконе – почина на 66-годишна возраст, а веста ја сподели друг член на семејството на пејачката бидејќи таа беше во лош однос со него.

Мадона има седум браќа и сестри, од кои најстариот е Ентони кој е роден во 1956-та, две години пред Мадона.

loshiot-odnos-na-madona-i-brat-koj-pochina-beshe-bezdomnik-i-alkoholichar-pejachkata-mu-svrtela-grb-06.jpg

Како Мадона, и Ентони бил роден во Мичиген, а кога сестра му се обидувала да се пробие во музичката индустрија, тој останал во родниот град.

И, додека кариерата на Мадона се движела во нагорна линија, животот на Ентони само се влошувал.

Тој имал сериозни проблеми со алкохолизам и извесен период бил и бездомник, а тврдеше дека Мадона, која е една од најбогатите музичари, одбивала да му помогне.

loshiot-odnos-na-madona-i-brat-koj-pochina-beshe-bezdomnik-i-alkoholichar-pejachkata-mu-svrtela-grb-07.jpg

Во 30-тите години од животот, и Ентони се преселил во Њујорк, исто како Мадона, а според негова поранешна девојка, бил навистина добра личност.

„Тој беше изгубена душа која пробуваше да си го најде патот, но беше добра личност. Насекаде имаше книги. Многу сакаше да чита за животот и филозофијата и да зборува за тоа. Зборуваше и за тоа како е да се биде брат на Мадона, но не сакаше да биде познат по тоа“.

loshiot-odnos-na-madona-i-brat-koj-pochina-beshe-bezdomnik-i-alkoholichar-pejachkata-mu-svrtela-grb-04.jpg

Наводно, односот помеѓу Ентони и Мадона се влошил бидејќи Мадона се обидувала да му помогне да му помогне - нешто потполно спротивно на неговите тврдења.

Според неговата бивша девојка, за еден роденден асистентот на Мадона му се јавил и го прашал колку пари сака како подарок. Наводно, ова прашање го навредило.

Во 2011 година, Ентони изјави дека не само Мадона, туку целото семејство му го свртело грбот.

„Јас сум нула во нивните очи, срам. Ако смрзнам до смрт, моето семејство веројатно не би дознало за тоа шест месеци“.

loshiot-odnos-na-madona-i-brat-koj-pochina-beshe-bezdomnik-i-alkoholichar-pejachkata-mu-svrtela-grb-03.jpg

Тогаш тој изјави дека 18 месеци бил без работа, поради што станал бездомник и живеел под мост во Мичиген.

„Моето семејство ми го сврте грбот кога минував низ тежок период. Мислите дека си го немам поставено ова прашање милионипати – зошто сестра ми е милионерка, а јас сум бездомник на улиците? Ова може да му се случи секому“.

loshiot-odnos-na-madona-i-brat-koj-pochina-beshe-bezdomnik-i-alkoholichar-pejachkata-mu-svrtela-grb-05.jpg

Сепак, и покрај овие тврдења, Ентони откри и дека Мадона го терала да оди на рехабилитација, но тој одбивал бидејќи сметал дека рехабилитацијата е „здодевна и бескорисна“.

Истовремено, тој сподели дека не сакал сожалување.

„Не барам бесплатна помош поради сестра ми. Не барам ништо за внимание“.

loshiot-odnos-na-madona-i-brat-koj-pochina-beshe-bezdomnik-i-alkoholichar-pejachkata-mu-svrtela-grb-08.jpg

Во истото интервју за Daily Mail, тој сподели и дека со Мадона не се поднесувале уште во детството.

„Се мразевме. Таа беше к***а, исто како што е сега. Си остана иста“.

loshiot-odnos-na-madona-i-brat-koj-pochina-beshe-bezdomnik-i-alkoholichar-pejachkata-mu-svrtela-grb-09.jpg

Ентони самиот тврдеше дека работел и како рибар во Алјаска, но и дека бил асистент на некој фотограф во Њујорк. Кога станал бездомник, почнал да собира шишиња и лименки од контејнери и да заработува по некој долар од тоа.

Наводно, неговиот татко му рекол дека ќе му најде работа, но само ако оди на рехабилитација. Но, Ентони одбивал.

„Моето семејство мисли дека рехабилитацијата е како некое волшебно решение за проблемите во животот“, сподели тој за Daily Mail пред неколку години.

loshiot-odnos-na-madona-i-brat-koj-pochina-beshe-bezdomnik-i-alkoholichar-pejachkata-mu-svrtela-grb-02.jpg

Во 2017 година, Ентони сепак се согласил да оди на рехабилитација, а Мадона ги покрила трошоците. По ова, успеал да го подобри односот со другите браќа и сестри, но не и со Мадона.

Пејачката сè уште нема споделено или изјавено нешто во врска со неговата смрт.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Шон Пен ја држел Мадона врзана со часови: Холивудски скандали кои поминаа незабележано Знаевте ли дека во 2015-та, во базенот на Деми Мур било најдено мртво тело на 21...
Линдзи Лохан – 10: Славни личности со најмногу апсења Винона Рајдер била уапсена петпати во една година, додека таткото на Чарли Шин б...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Најомразениот холивудски актер: Две негови девојки си го одзеле животот, бил ужасна личност Поради неговото однесување никој не му отишол на погреб и никој не сакал да ги к...
5 познати личности кои биле убиени од фанови (и зошто) Џон Ленон, но и Џани Версаче, основачот на луксузниот моден бренд – кои познати ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg