Им вика на новинари, пробува да влезе во туѓ автомобил – Алек Болдвин во лошо издание 2 дена пред судењето за убиство

Како што наближува судењето за убиството на колешката, Алек Болдвин е во сè полошо издание – неодамна тој им се развика на новинари, а потоа по грешка проба да влезе во туѓ автомобил.

im-crka-na-novinari-probuva-da-vleze-vo-tugj-avtomobil-alek-boldvin-vo-losho-izdanie-2-dena-pred-sudenjeto-za-ubistvo-01.jpg

Иако Алек Болдвин најверојатно ќе ја избегне затворската казна за убиството на колешката од 2021 година, деновиве не е во најдобра форма.

Неодамна актерот беше снимен како им вика на новинари во Њујорк, пред да проба да влезе во туѓ автомобил по грешка.

Неколку новинари и камермани стоеја пред зградата на актерот во Менхетн кога тој излегуваше надвор.

im-crka-na-novinari-probuva-da-vleze-vo-tugj-avtomobil-alek-boldvin-vo-losho-izdanie-2-dena-pred-sudenjeto-za-ubistvo-04.jpg

Еден од новинарите му рече „Здраво господине Болдвин“, а еден од фотографите случајно му застана на патот.

На ова, актерот изреагира гневно и му се развика да му се тргне од патот.

im-crka-na-novinari-probuva-da-vleze-vo-tugj-avtomobil-alek-boldvin-vo-losho-izdanie-2-dena-pred-sudenjeto-za-ubistvo-05.jpg

Фотографот веднаш се тргна и скромно му се извини, по што Алек проба да влезе во автомобилот паркиран пред зградата.

im-crka-na-novinari-probuva-da-vleze-vo-tugj-avtomobil-alek-boldvin-vo-losho-izdanie-2-dena-pred-sudenjeto-za-ubistvo-06.jpg

Набрзо сфати дека тоа не е неговиот автомобил, а во видеото се слуша како некој му вели:

„Другиот автомобил Алек“.

https://twitter.com/Emilio2763/status/1628239789680984064

Неодамна јавноста дозна дека на Алек Болдвин сепак ќе му се суди за убиството на колешката Халина Хачинс.

Сепак, пред само неколку денови беше откриено дека обвинителот кој работи на случајот отфрлил важно обвинение против актерот. Поради ова, потенцијалната казна што може да ја добие Алек е драстично намалена.

im-crka-na-novinari-probuva-da-vleze-vo-tugj-avtomobil-alek-boldvin-vo-losho-izdanie-2-dena-pred-sudenjeto-za-ubistvo-03.jpg

Пред одлуката на обвинителот, Алек се соочуваше со максимална казна затвор од пет години. Но, сега максималната казна е 18 месеци затвор, а сосема возможно е тој целосно да ја избегне дури и ако биде прогласен за виновен за убиство.

Судењето за случајот е закажано за 24 февруари годинава.

im-crka-na-novinari-probuva-da-vleze-vo-tugj-avtomobil-alek-boldvin-vo-losho-izdanie-2-dena-pred-sudenjeto-za-ubistvo-02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Славни личности кои поминаа со лесни казни за големи прекршоци Мел Гибсон ја удрил бившата девојка толку силно, што ѝ ги скршил забите, додека ...
Бредли Купер со бизарно признание: „Се шетам гол пред ќерка ми Леа (6) - и татко ми правеше така“ „Во мојата спална соба, кадата, тоалетот и креветот се во истата просторија. Нем...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Чека дете со 27-годишна девојка, ја изневерувал Моника Белучи – Скандалозниот љубовен живот на Винсе... На 57-годишна возраст, Винсент Касел го очекува неговото четврто дете, и тоа со ...
По смртта на сопругата, немал ниту една врска: Трагичниот живот на Лиам Нисон Негова пријателка била силувана, се откажал од сонот да стане боксер поради потр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg