„Резултатите никогаш не ми биле полоши“ – Јелена Розга отворено за проблемите со тироидата со кои се бори со години
- Детали
- понеделник, 13 февруари 2023
„Јас сум среќна жена, имам сè што ќе посакам, но имам проблеми со здравјето. Тоа не го кријам, зборувам отворено затоа што можеби некому ќе помогнам“ – рече хрватската пејачка Јелена Розга. Таа во гостување во емисија откри со кои проблеми се соочува заради заболувањето со кое се бори со години.
Хрватската пејачка Јелена Розга е меѓу омилените кај балканската публика, а неодамна се осврна и на својата здравствена состојба.
Минатата година Јелена откри дека ѝ се слошило затоа што со години има проблеми со тироидната жлезда, а сега открива дека здравствената состојба не ѝ е најдобра.
Поранешната пејачка на групата Magazin тогаш откри дека има хипертиреодизам, односно заболување на тириодната жлезда што настанува како последица на зголемена концентрација на хормоните што се лачат во неа.
Јелена Розга со години пие лекови за да ја држи состојбата под контрола, а деновиве во гостувањето на една телевизија рече дека состојбата не ѝ е најдобра.
„Јас сум среќна жена, имам сè што ќе посакам, но имам проблеми со здравјето, тироидната жлезда не ме слуша. Тоа не го кријам, зборувам отворено затоа што можеби некому ќе помогнам. Пред два дена бев да направам анализа на крвта, резултатите никогаш не ми биле полоши. Не се чувствувам најдобро, но се трудам.
Тоа најмногу влијае врз моето расположение, кога хормоните не ми се во баланс. Тоа влијае и на мојата кожа. Се трудам колку можам повеќе да одмарам, да бидам позитивна и се надевам дека за еден месец кога повторно ќе одам на контрола, резултатите ќе бидат подобри“ – рече таа.
Инаку, Розга меѓу другото говореше и за својот приватен живот и за љубовта.
Балканските медиуми долго време шпекулираат со кого е таа во врска откако ја раскина свршувачката со Стјепан Хаусер од 2 Cellos, но иако пејачката призна дека постои некој што го прави нејзиниот живот поубав, и понатаму останува таинствена за кого се работи.
„Емотивниот живот ми е многу важен. Кога приватно и емотивно сум средена, тогаш можам да направам сè. Кога ќе се вљубам, ако нешто не е во ред, тогаш не функционирам.
Сакам да припаѓам некому, сакам прегратки, сакам некој да ме пречека со насмевка, ништо поубаво од тоа“ – рече таа.
Јелена открива дека по секое раскинување сака да се затвори и да биде сама, за да се исплаче, да ѝ помине болката, а потоа да продолжи понатаму.
Б. С. Б. | Црнобело