„Жено, не старееш“ – Јелена Розга го прослави 44-иот роденден, а уште е таинствена за врската со згодниот готвач
- Детали
- вторник, 24 август 2021
Јелена Розга беше верена со Стјепан Хаусер од 2 Chellos, а потоа говореше дека нема намера да стапи во брак - сега ја поврзуваат со згодниот хрватски готвач Иван Пажанин, но е многу таинствена по ова прашање. Таа вчера (23.08) го прослави 44-иот роденден, а голем број од нејзините следбеници коментираа дека таа не старее.
Хрватската пејачка Јелена Розга вчера (23.08) го прослави 44-иот роденден. Таа на својот Инстаграм профил им се заблагодари на сите за убавите честитки и пораки што ги добила.
„Ви благодарам на сите за убавите честитки што ги добивам цел ден, срцето ми е полно, ве сакам многу, Јелена“ – напиша таа до фотографиите.
„Ти жено не старееш“, „Кога ќе видам како изгледа Розга, го губам паметот“ - се само некои од коментарите што се најдоа на нејзиниот профил на Инстаграм, покрај големиот број честитки.
Хрватската пејачка е родена во Сплит, а таа ги освои срцата на публиката како кај хрватската публика, така и кај публиката од поранешните југословенски простори.
Важи за една од најубавите жени на овие простори, а до нејзините фотографии на социјалните мрежи, обожавателите честопати коментираат дека таа не старее и изгледа одлично.
Што се однесува до љубовните врски, добро е познато дека таа од 2015-тата до 2017-тата година беше во врска со Стјепан Хаусер од 2 Chellos.
Тие се верија во 2016-тата година, но тогаш Јелена изјави дека нема намера да стапи во брак. Во текот на 2017-тата година јавноста сè поретко можеше да ги види заедно, а во септември 2017-тата година, Јелена јавно потврди дека раскинале.
Во последно време, Јелена сè почесто ја поврзуваат со хрватскиот готвач Иван Пажанин кој има своја емисија на RTL, Guštan … s Pažaninom, а ги краде воздишките на женската публика со извајаното тело.
Тој често објавува свои фотографии како ужива на Јадранското Море, а кога ќе го покаже своето разголено торзо со тетоважи, ниту една девојка не може да остане рамнодушна.
Како и да е, досега немало коментари за ваквите пишувања и Јелена не ги демантирала шпекулациите за нивната врска. Дали тие се заедно, останува да видиме.
Прочитајте и Кој е Иван Пажанин, дечкото за кого се шпекулира дека го „украл“ срцето на Јелена Розга?
Таа во минатото говорела за себеси каква била додека била мала и додека растела. Кога била дете одела на балет, а била член и на КУД Мозаик.
„Бев ужасно дете, мислам дека ги полудев моите родители. Имав премногу енергија, постојано танцував по дома. Ги преместував столчињата и масата за да имам место за танцување. Кога тргнав во основно училиште, тргнав во студио за балет. На почетокот имав тренинг трипати неделни, а од трето одделение одев на тренинг секој ден освен во недела“ – вели таа, а пренесува story.hr.
Јелена исто така за себе вели дека знаела како да се справи и со момчињата што биле насилни со неа, па дури и во еден миг одлучила и да се пресмета со едно од нив:
„Сè уште добро се сеќавам на кавгата со пријателот Андре и се надевам дека нема да се лути кога ќе го прочита ова. Имено, тој мене ме турна и јас паднав на земја, а кога станав, толку бесно се затрчав кон него што тој од страв се качи на дрвото до неговата куќа“ – раскажува Јелена.
Јелена ја продолжува кариерата со балетот сè до 1996-тата година, кога станува пејачка на составот „Магазин“. Таа пееше во групата сè до 2006-тата година, а потоа започнува самостојна кариера.
Погледнете повеќе фотографии од Јелена во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело