Вирално видео: Ќерката на Мадона засрамено го крие лицето, откако не ја пуштија на модна ревија
- Детали
- петок, 03 февруари 2023
На видео објавено на ТикТок се гледа како ќерката на Мадона моли да ја пуштат на ревија на Marc Jacobs. Откако ѝ кажаа дека доцни и влезот е затворен, Лурдес засрамено се упати кон автомобилот, криејќи си го лицето од папараците.
Пред две години, ќерката на Мадона, Лурдес, беше заштитно лице на брендот Marc Jacobs, но сега не може да влезе на ревија на познатиот бренд.
Вчера (02.02) Лурдес пристигна малку подоцна на настанот, па обезбедувањето не ѝ дозволи да влезе.
На видео објавено на ТикТок се гледа како 26-годишната девојка тргнува кон влезот, само за да биде запрена на скалите од неколку мажи од обезбедување.
Според видеото, Лурдес пристигнала во точно 6 часот, односно времето кога требало да почне ревијата.
Лурдес беше во друштво на непознат маж кој пробуваше да го убеди обезбедувањето дa ја пушти, по што неколкупати им беше кажано дека, за жал, настанот е затворен.
Додека Лурдес и мажот молат да бидат пуштени, од топлата зад нив се слуша како неколку довикнуваат дека треба дa ја пуштат, па дури и го прашуваат обезбедувањето дали знаат која воопшто е Лурдес.
На крај, Лурдес се откажа и се упати кон автомобилот, а притоа засраменo пробуваше да си го скрие лицето од папараците.
@mickmicknyc Drama outside the #marcjacobs fashion show as #lourdes wasn’t allowed in after arriving exactly as the show started #nyfw #nyc #nycfashion #madonna ♬ original sound - New York Mickey
За ревијата на којашто не успеа да отиде, Лурдес одбрала тексас комбинација со фустан и јакна, надополнета со високи бели чизми.
Лурдес мошне лесно се проби во забавната индустрија, благодарение на нејзината мајка. Но, изгледа ни ќерката на Мадона не може да ги заобиколи сите правила.
Во една прилика, таа сподели дека сепак не добива сè „на послужавник“, без разлика што Мадона ѝ е мајка.
„Очигледно, пораснав со привилегии. Не го оспорувам тоа. Но, мислам дека мајка ми размислуваше за сите други деца на познати личности и си помисли: ’Моите деца нема да бидат такви‘.
Исто така, мислам дека ако родителите ти плаќаат за сè, тогаш имаат моќ над тебе. Мајка ми сака да контролира, ме контролираше целиот живот. Морав да станам потполно независна од неа веднаш штом завршив средно“.
Спирова С. | Црнобело