Пораснала во христијански култ, параноична е кога ја препознаваат на улица – Порно актерката Џена Стар за кариерата (18+)
- Детали
- недела, 05 февруари 2023
„Параноична сум затоа што никогаш не знам дали луѓето што ме препознаваат на улица ќе бидат љубезни со мене или ќе ме навредуваат“ – порно актерката Џена Стар раскажува како тоа што пораснала во христијански култ влијаело врз неа, но и која е мрачната страна на кариерата.
Џена Стар (33) во моментов важи за една од најпознатите порно актерки, па дури беше номинирана и за наградата најдобра нова актерка, а самата вели дека сѐ уште има проблеми за да се справи со несаканото внимание што го привлекува секојпат кога ќе излезе на улица.
Таа е родена и пораснала во Калифорнија, САД, а сакала да стане професионален модел и актерка, но почнала да снима филмови за возрасни.
Како што вели, додека растела, задолжително морала секоја недела да го посетува црковното училиште, а морала да се придржува со стандардите и учењата на црквата.
Џена неодамна даде интервју за весникот Daily Star каде говореше за тоа во колкава мера опкружувањето во коешто пораснала се разликува од животот што денес го живее.
„Кога бев дете никој не зборуваше за колеџ и кариера, затоа што сметаа дека тоа ќе ме оддалечи од црквата и од Бог.
Требаше да станам нечија сопруга што ќе роди деца и нема да има секс пред бракот, што ќе се случи дури откако ќе го сретнам мажот од моите соништа што Бог ќе ми го прати.
Моето место е во домот, да бидам совршена сопруга за да му служам на сопругот и мојата цел е нему да му ги остварам сите желби“ – вели таа.
Во моментот кога одлучила да си замине од дома Џена се соочила со вистински шок. Таа успеала да се избори за тоа сама да се запише на факултет, а потоа започнала свој бизнис со козметика.
„Никогаш не сум ја видела мајка ми како флертува или како оди на состаноци и никогаш не сум видела некоја друга жена од црквата да го прави тоа.
Кога си заминав, бев во шок, затоа што навистина не знаев како изгледа реалноста“ – раскажува Џена.
Благодарение на стриктното христијанско опкружување во кое пораснала Џена вели дека секојпат кога имала секс со некого плачела.
„Сега сум многу поотворена сексуално и можам да уживам во искуството. Но, во минатото секојпат кога имав секс со некого чувствував огромна грижа на совест и плачев затоа што сум излегла, сум запознала некого и затоа што сум уживала во сексот.
Го мразев тоа чувство затоа што знаев дека не е нормално, затоа што гледав дека другите луѓе не се однесуваат така“ – вели таа.
Џена подолго време работела како козметичарка и успевала добро да заработува, сѐ до избувнувањето на ковид пандемијата, кога немајќи друг излез прво отворила свој профил на Only Fans, а потоа одлучила да почне да снима и филмови за возрасни.