На 9 години ја вовлекла во скиентологијата, ѝ земала пари без нејзино знаење – Односот на Лиза Мари Присли и нејзината мајка

„Сега сме блиски, но порано ми беше тешко да имам добар однос со некого што постојано ми дише во врат “ – рече во една прилика Лиза Мари Присли за нејзината мајка. Каков однос имаа Присила и Лиза Мари Присли?

na-9-godini-ja-vovlekla-vo-skientologijata-i-zemala-pari-bez-nejzino-znaenje-odnosot-na-liza-mari-prisli-i-nejzinata-majka-01.jpg

Помина околу 1 месец од прераната смрт на Лиза Мари Присли, а во медиумите не стивнуваат пишувањата поврзани со неа, заради битката за наследството што нејзината мајка Присила Присли ја води со внуците.

Ќерката на Елвис Присли почина ненадејно на 54-годишна возраст, а првично беше соопштено дека целото богатство им го оставила на нејзините деца, откако во 2016-та година Лиза Мари одлучила во целост да ја избрише мајка ѝ како наследник.

na-9-godini-ja-vovlekla-vo-skientologijata-i-zemala-pari-bez-nejzino-znaenje-odnosot-na-liza-mari-prisli-i-nejzinata-majka-08.jpg

Но, Присила поднесе жалба на тестаментот и бара дел од наследството, а дел од медиумите споделуваат голем број детали за нивниот однос низ годините: од борбата со зависностите, до борбата за наследството.

Според најновите информации, дури и откако била избришана од тестаментот, Присила Присли заработувала околу 900.000 долари годишно од компанијата Elvis Presley Enterprises иако немала никаков удел во неа.

na-9-godini-ja-vovlekla-vo-skientologijata-i-zemala-pari-bez-nejzino-znaenje-odnosot-na-liza-mari-prisli-i-nejzinata-majka-04.jpg

Во 2018-та година Лиза Мари го тужеше поранешниот бизнис-менаџер Бери Сигел дека неправилно ги трошел нејзините пари, и тогаш се дозна дека, тој, меѓу другото, одобрил на Присила да ѝ се исплаќа огромна плата иако не била вработена во компанијата.

Сега, откако првично беше објавено дека имотот ќе ѝ припадне на 33-годишната ќерка на Лиза Мари, Рајли Кио, Присила на суд поднесе документ во кој се тврди дека и таа треба да добие дел од „колачот“.

Каков бил односот на мајката и ќерката низ годините?

Лиза Мари во една прилика рече дека сега се многу блиски, но дека додека растела било многу тешко да има добар однос со мајка ѝ, особено затоа што Присила не се согласувала со тоа што нејзината ќерка почнала многу рано да користи опојни супстанци и алкохол.

„Мајка ми беше многу, многу строга со мене. Ме стегаше. Сфатив дека токму заради тоа ние воопшто не бевме блиски многу долго време.

Денес сме многу блиски, но кога бев помлада беше тешко да имаш добар однос со некој што постојано ти дише во врат“ – рече во 2013-та година Лиза Мари.

na-9-godini-ja-vovlekla-vo-skientologijata-i-zemala-pari-bez-nejzino-znaenje-odnosot-na-liza-mari-prisli-i-nejzinata-majka-05.jpg

Инаку, Лиза Мари во една прилика откри дека кога имала само 9 години таа станала дел од скиентолошката црква, затоа што нејзината мајка одлучила да се приклучи на култот, иако додека бил жив Елвис јасно се противел на тоа.

Лиза Мари велеше дека додека татко ѝ бил жив голем број членови на скиентолошката црква се обидувале да го регрутираат, но тој одбивал да се приклучи затоа што сметал дека тие го бараат само заради неговата слава и парите.

na-9-godini-ja-vovlekla-vo-skientologijata-i-zemala-pari-bez-nejzino-znaenje-odnosot-na-liza-mari-prisli-i-nejzinata-majka-06.jpg

Прочитајте и Факти за ќерката на Елвис Присли, која почина на 54 години - трагично го загуби синот, гледала додека татко ѝ умира

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Дома го чувала мртвото тело на син ѝ кој се самоуби – Потресни детали од мемоарите на Лиза, ќерката ... Кога имала само 10 години, дечкото на мајка ѝ ја допирал по телото, а кога пробл...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg