На 9 години ја вовлекла во скиентологијата, ѝ земала пари без нејзино знаење – Односот на Лиза Мари Присли и нејзината мајка

Соочена со проблемите на зависностите на Лиза Мари, Присила помошта ќе ја побара токму во скиентолошката црква.

На возраст од само 17 години Лиза Мари која веќе била зависничка од опојни супстанци и алкохол била однесена во центарот за рехабилитација на скиентолошката црква, каде го запознала својот прв сопруг Дани Кио.

na-9-godini-ja-vovlekla-vo-skientologijata-i-zemala-pari-bez-nejzino-znaenje-odnosot-na-liza-mari-prisli-i-nejzinata-majka-11.jpg

Лиза Мари во 2014-та година конечно ќе излезе од црквата, а во една прилика јавно ја критикуваше скиентологијата. Таа во интервју со Тони Ортега го обвини лидерот на религијата Дејвид Мискевиџ дека сакал да го искористи нејзиното богатство.

„На 25 години го добив наследството и тие почнаа да ме подготвуваат да излезам и да собирам нови членови. Го мразам Том Круз, го запознав пред 20 години и реков дека никогаш не сакам повеќе да бидам во иста соба со него“ – рече таа.

na-9-godini-ja-vovlekla-vo-skientologijata-i-zemala-pari-bez-nejzino-znaenje-odnosot-na-liza-mari-prisli-i-nejzinata-majka-07.jpg

Инаку, по својата смрт Елвис Присли оставил богатство од само 5 милиони долари, кое благодарение на Присила Присли до 1993-та година ќе успее да порасне на 100 милиони.

Денес, по својата смрт Лиза Мари Присли на своите 3 деца им остави солидни наследства во износ од по 30 милиони долари за секого, додека се претпоставува дека имотот и компанијата на Елвис Присли сѐ уште генерира милионски суми.

na-9-godini-ja-vovlekla-vo-skientologijata-i-zemala-pari-bez-nejzino-znaenje-odnosot-na-liza-mari-prisli-i-nejzinata-majka-03.jpg

Дел од медиумите пишуваат дека Лиза Мари била во огромни долгови и дека за да ги исплати своите долгови морала предвреме да подигне една од своите полиси за животно осигурување во износ од 35 милиони долари.

na-9-godini-ja-vovlekla-vo-skientologijata-i-zemala-pari-bez-nejzino-znaenje-odnosot-na-liza-mari-prisli-i-nejzinata-majka-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Дома го чувала мртвото тело на син ѝ кој се самоуби – Потресни детали од мемоарите на Лиза, ќерката ... Кога имала само 10 години, дечкото на мајка ѝ ја допирал по телото, а кога пробл...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg