Факти за ќерката на Елвис Присли, која почина на 54 години - трагично го загуби синот, гледала додека татко ѝ умира

Била присутна во моментот кога нејзиниот познат татко починал и тоа ѝ оставило огромни трауми во животот, велеше дека Мајкл Џексон и Николас Кејџ се ожениле со неа само затоа што таа е ќерка на кралот на рокенролот, од последниот сопруг се разведе заради педофилија – бурниот живот на ќерката на Елвис Присли, која вчера (12.01.2023) почина на 54 години.

so-svoi-ochi-videla-kako-tatko-i-pochinal-sinot-edinec-si-go-odzema-zhivotot-tragichniot-zhivot-na-kjerkata-na-elvis-prisli-liza-mari-01.jpg

Единствената ќерка на Елвис Присли, Лиза Мари, почина на 54-годишна возраст откако претходно имала срцев застој.

Во текот на вчерашниот ден (12.01) Лиза Мари била веднаш пренесена во болница и според пишувањата во светските медиуми била во кома, откако претходно претрпела целосен срцев застој.

so-svoi-ochi-videla-kako-tatko-i-pochinal-sinot-edinec-si-go-odzema-zhivotot-tragichniot-zhivot-na-kjerkata-na-elvis-prisli-liza-mari-03.jpg

Нејзината мајка Присила даде официјално известување во кое информира за прераната смрт на нејзината ќерка:

„Таа беше најсилната и најпрекрасната жена што некогаш сум ја запознала.

Ве замолуваме за приватност додека се обидуваме да се справиме со тешката загуба. Ви благодариме за љубовта и молитвите.

Нема да даваме повеќе коментари“.

Лиза Мари последно во јавност се појави на доделувањето на „Златните глобуси“, што се одржа во вторникот (10.01), што воедно беше едно од нејзините ретки појавувања во јавност откако нејзиниот син во 2021-вата година си го одзема животот.

so-svoi-ochi-videla-kako-tatko-i-pochinal-sinot-edinec-si-go-odzema-zhivotot-tragichniot-zhivot-na-kjerkata-na-elvis-prisli-liza-mari-02.jpg

Ќерката на Елвис Присли на црвениот тепих се појави заедно со долгогодишниот пријател на нејзиниот татко Џери Шилинг (80), а на церемонијата седеше заедно со нејзината мајка Присила (77) и двете заедно дадоа поддршка за Остин Батлер кој играше во биографскиот филм за Елвис Присли и ја доби наградата Златен глобус за најдобра машка улога.

so-svoi-ochi-videla-kako-tatko-i-pochinal-sinot-edinec-si-go-odzema-zhivotot-tragichniot-zhivot-na-kjerkata-na-elvis-prisli-liza-mari-04.jpg

Лиза Мари во минатото беше позната по тоа што ги полнеше таблоидите заради случувањата во приватниот живот.

Откако во 2015-та година го загуби целото богатство, таа одлучи да почне да заработува од имотот на нејзиниот татко „Грејсленд“, така што го отвори за туристи и посетители.

so-svoi-ochi-videla-kako-tatko-i-pochinal-sinot-edinec-si-go-odzema-zhivotot-tragichniot-zhivot-na-kjerkata-na-elvis-prisli-liza-mari-06.jpg

Рехабилитацијата од алкохол и опојни супстанци на само 17 години, бракот со Мајкл Џексон, бурните разводи се само некои од настаните што го одбележаа нејзиниот живот.

Во продолжение неколку интересни факти за неа, што можеби не сте ги знаеле:

Лиза Мари Присли беше родена во 1968-ма година во семејството на Елвис и Присила Присли. Како ќерка на најпродаваниот музичар на сите времиња, Лиза Мари се родила во огромно богатство, а како дете била мошне разгалена. Татко ѝ ја опсипувал со вредни подароци, па така таа уште од најмала возраст од него добивала крзнени бунди и скапоцен накит.

so-svoi-ochi-videla-kako-tatko-i-pochinal-sinot-edinec-si-go-odzema-zhivotot-tragichniot-zhivot-na-kjerkata-na-elvis-prisli-liza-mari-09.jpg

Елвис сакал да ѝ ги исполни сите желби, па постои една анегдота дека откако таа во една прилика се пожалила дека никогаш не видела снег во Мемфис, татко ѝ веднаш организирал патување со приватен авион (кој го носел нејзиното име) во Јута, за таа да може да си игра во снегот.

so-svoi-ochi-videla-kako-tatko-i-pochinal-sinot-edinec-si-go-odzema-zhivotot-tragichniot-zhivot-na-kjerkata-na-elvis-prisli-liza-mari-12.jpg

На само 5-годишна возраст Лиза Мари ја почувствувала првата голема болка кога нејзините родители одлучиле да се разведат во 1973-та година. Според пишувањата на мајка ѝ, Елвис почнал да се оддалечува од неа откако станала мајка, по што почнал да има афери со други жени.

so-svoi-ochi-videla-kako-tatko-i-pochinal-sinot-edinec-si-go-odzema-zhivotot-tragichniot-zhivot-na-kjerkata-na-elvis-prisli-liza-mari-11.jpg

Но, само 4 години подоцна, на возраст од 9 години, Лиза Мари ја почувствувала најголемата болка кога нејзиниот татко неочекувано почина. Според пишувањата, таа била присутна во моментот кога Елвис починал и почнала гласно да ги прашува другите околу неа: „Што се случува со татко ми …“

so-svoi-ochi-videla-kako-tatko-i-pochinal-sinot-edinec-si-go-odzema-zhivotot-tragichniot-zhivot-na-kjerkata-na-elvis-prisli-liza-mari-08.jpg

Иако во истиот миг станала богата наследничка затоа што Елвис нејзе ѝ го оставил целиот свој имот, Лиза Мари тргнала по лош пат, па станала зависничка од алкохол и опојни супстанци.

so-svoi-ochi-videla-kako-tatko-i-pochinal-sinot-edinec-si-go-odzema-zhivotot-tragichniot-zhivot-na-kjerkata-na-elvis-prisli-liza-mari-13.jpg

На 17-годишна возраст заминала на рехабилитација во озлогласениот Скиентолошки центар за познатите, каде се запознала со Дени Кио, музичарот кој воедно бил нејзиниот прв сопруг. Во 1988-ма година тие двајца се венчале во Скиентолошката црква, а потоа имале меден месец на јахтата на црквата.

so-svoi-ochi-videla-kako-tatko-i-pochinal-sinot-edinec-si-go-odzema-zhivotot-tragichniot-zhivot-na-kjerkata-na-elvis-prisli-liza-mari-14.jpg

Во 1989-та година Лиза и Дени ја добија ќерката Рајли, а во 1992-ра година го добија синот Бен. Но, бракот на Лиза Мари и Дени ќе се распадне по само 6 години. Причината за разводот била огромната разлика во богатството на брачните партнери, а подоцна таа открила дека уште додека била во брак со Дени, Лиза Мари ја започнала врската со Мајкл Џексон.

so-svoi-ochi-videla-kako-tatko-i-pochinal-sinot-edinec-si-go-odzema-zhivotot-tragichniot-zhivot-na-kjerkata-na-elvis-prisli-liza-mari-15.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Дома го чувала мртвото тело на син ѝ кој се самоуби – Потресни детали од мемоарите на Лиза, ќерката ... Кога имала само 10 години, дечкото на мајка ѝ ја допирал по телото, а кога пробл...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ... „Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg