Факти за ќерката на Елвис Присли, која почина на 54 години - трагично го загуби синот, гледала додека татко ѝ умира
-->
Со оглед на тоа што и двајцата пораснале како славни личности и со огромно богатство, Лиза Мари и Мајкл Џексон веќе добро се познавале, а целиот свет беше изненаден кога во 1994-та година веднаш по разводот на Лиза со Дени, таа ја најави свршувачката со Мајкл Џексон и тоа на доделувањето на MTV Music Awards.
Лиза Мари и Мајкл Џексон се венчаа само 20 дена откако таа го финализира разводот со Дени, а во една прилика таа рече дека „тоа била најголемата грешка што ја направила во животот“. Тие двајца постојано се расправале. Наводно, Лиза Мари сакала уште едно дете, но се плашела дека ако добие дете во брак со него, битката за старателство би била неподнослива.
По само две години брак, Лиза Мари и Мајкл се разведоа, а богатата наследничка во една прилика изјави дека тој не бил вљубен во неа, туку само во тоа што таа е ќерка на најпознатиот музичар на сите времиња.
-->
По ова, Лиза имаше уште една кратка врска со хавајскиот музичар Џон Осзајца, со кого ја раскина свршувачката откако го запозна актерот Николас Кејџ. Лиза Мари во 2002-ра година стапи во брак со актерот, но според многумина и овој брак немал среќен крај затоа што актерот бил опседнат со нејзиниот татко.
Лиза Мари и Николас имале бурни расправии, па познато е дека еднаш во расправија тој го фрлил нејзиниот свршенички прстен вреден 65.000 долари во океанот, по што актерот најмил нуркачи да се обидат да го најдат на морското дно. Никој не знае дали на крај прстенот го нашле, но тоа секако бил лош знак за нивната врска.
По само неколку месеци брак тие двајца одлучиле дека треба да се разделат. Се венчале во август, но во ноември веќе одлучиле дека меѓу нив е крај. Сепак, им биле потребни цели две години за официјално да прогласат развод.
Во 2006-та година Лиза Мари се омажи со нејзиниот продуцент Мајкл Локвуд, со кого во 2008-ма година доби две ќерки близначки. Иако овој брак беше навидум хармоничен, по 10 години заеднички живот, Лиза Мари дознала една тајна на нејзиниот сопруг што не можела да му ја прости.
-->
-->
Во неговиот компјутер имало голем број фотографии со педофилска содржина, по што таа не само што побара развод, туку побара и забрана за приближување до нивните деца.
-->
Во 2020-та година Лиза Мари беше погодена од уште една трагедија кога нејзиниот единствен син Бен, си го одзеде животот. По ова, во голема тага Лиза Мари одлучи да се пресели заедно со првиот сопруг. Нејзината здравствена состојба значително се влошила на 12.01. додека била во нивниот дом во Калифорнија. Токму првиот сопруг прв се обидувал да ја спаси додека да стигне брзата помош.
Б. С. Б. | Црнобело
-->
Би можело да ве интересира:
Дома го чувала мртвото тело на син ѝ кој се самоуби – Потресни детали од мемоарите на Лиза, ќерката ...
Кога имала само 10 години, дечкото на мајка ѝ ја допирал по телото, а кога пробл...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес...
Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година
Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
„Татко ми ми ги земаше сите пари, ме удираше и ми забрануваше да спијам“: Тажното детство на Меколи ...
„Ми велеше ’Ако не глумиш добро, ќе те удрам‘. Татко ми беше насилен – и психичк...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат...
„Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ...
„Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...