Факти за ќерката на Елвис Присли, која почина на 54 години - трагично го загуби синот, гледала додека татко ѝ умира
- Детали
- петок, 13 јануари 2023
Била присутна во моментот кога нејзиниот познат татко починал и тоа ѝ оставило огромни трауми во животот, велеше дека Мајкл Џексон и Николас Кејџ се ожениле со неа само затоа што таа е ќерка на кралот на рокенролот, од последниот сопруг се разведе заради педофилија – бурниот живот на ќерката на Елвис Присли, која вчера (12.01.2023) почина на 54 години.
Единствената ќерка на Елвис Присли, Лиза Мари, почина на 54-годишна возраст откако претходно имала срцев застој.
Во текот на вчерашниот ден (12.01) Лиза Мари била веднаш пренесена во болница и според пишувањата во светските медиуми била во кома, откако претходно претрпела целосен срцев застој.
Нејзината мајка Присила даде официјално известување во кое информира за прераната смрт на нејзината ќерка:
„Таа беше најсилната и најпрекрасната жена што некогаш сум ја запознала.
Ве замолуваме за приватност додека се обидуваме да се справиме со тешката загуба. Ви благодариме за љубовта и молитвите.
Нема да даваме повеќе коментари“.
Лиза Мари последно во јавност се појави на доделувањето на „Златните глобуси“, што се одржа во вторникот (10.01), што воедно беше едно од нејзините ретки појавувања во јавност откако нејзиниот син во 2021-вата година си го одзема животот.
Ќерката на Елвис Присли на црвениот тепих се појави заедно со долгогодишниот пријател на нејзиниот татко Џери Шилинг (80), а на церемонијата седеше заедно со нејзината мајка Присила (77) и двете заедно дадоа поддршка за Остин Батлер кој играше во биографскиот филм за Елвис Присли и ја доби наградата Златен глобус за најдобра машка улога.
Лиза Мари во минатото беше позната по тоа што ги полнеше таблоидите заради случувањата во приватниот живот.
Откако во 2015-та година го загуби целото богатство, таа одлучи да почне да заработува од имотот на нејзиниот татко „Грејсленд“, така што го отвори за туристи и посетители.
Рехабилитацијата од алкохол и опојни супстанци на само 17 години, бракот со Мајкл Џексон, бурните разводи се само некои од настаните што го одбележаа нејзиниот живот.