Раце со набрана кожа, разголен врат: Моника Белучи гордо си ги „носи“ годините – природна убавица во 6-тата деценија
- Детали
- сабота, 04 февруари 2023
„Ја обожаваме“, „Ова е вистински пример за убавина“ – се само дел од коментарите до најновите фотографии за Моника Белучи која е длабоко навлезена во шестата деценија од животот, но не се срами да ги покаже несовршеностите.
Италијанската актерка Моника Белучи (58) во последните неколку години е актуелна со улогата на познатата грчка оперска пејачка Марија Калас во театарската претстава Letters and Memoirs, каде што ги рецитира претходно необјавените писма и записи на пејачката со цел да ја раскаже нејзината приказна.
Претставата почна да се прикажува во 2019-та година во Париз, а по повод 100-годишнината од раѓањето на Марија Калас истата беше прикажана и во Њујорк, градот каде што била родена оперската пејачка со грчко потекло.
Непосредно по претставата Моника Белучи беше фотографирана како пристигнува на аеродромот „Џон Ф. Кенеди“ во Њујорк, а убавата Италијанка гордо позираше пред фотографите без да скрие ниту еден дел од сопственото тело.
Нејзините фотографии наидоа на голем број позитивни коментари на социјалните мрежи, а многумина сметаат дека убавата Италијанка е пример за тоа како жените треба гордо да ги носат годините и да не се плашат од сопствените несовршености.
https://twitter.com/UnaiQuijada/status/1620066538324897792
Иако, за неа се вели дека има безвременска убавина, набраната кожа на вратот и на дланките ја издаваат дека Белучи е веќе длабоко навлезена во шестата деценија од животот, но за разлика од Мадона, која во изминатиот период беше уловена како панично ги крие дланките и лицето во јавност, Белучи гордо ги покажа сите несовршености.
Погледнете повеќе фотографии во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело