Канје Вест ѝ го фрли телефонот на жена која го снима, новата сопруга и Ким Кардашијан се избегнуваат на натпрeвар на ќерката Норт (видео)
- Детали
- вторник, 31 јануари 2023
На Твитер се појави видео на кое се гледа како Канје Вест ѝ го фрла телефонот на жена која не сака да престане да го снима. Иако раперот обично е критикуван за неговите испади, сега доби поддршка од голем дел од јавноста. Во меѓувреме, новата сопруга и Ким Кардашијан успешно се избегнуваа на натпревар на Норт каде што се случи инцидентот.
Канје Вест продолжува со испадите во јавност, но овојпат голем дел од јавноста застана на негова страна.
Во петокот, 27 јануари, Канје беше на кошаркарски натпревар на ќерката Норт, кога забележал дека некоја жена го снима.
Од инцидентот има и видео, на кое се гледа како Канје зборува со жена седната во автомобил, која не престанува да снима.
45-годишниот рапер, видно гневен, ѝ вели на жената дека треба да престане да го снима, па дури и ја обвинува дека го следи.
На ова, жената одговара дека Канје е славна личност, а ова ѝ дава право да го снима.
Потоа раперот ѝ го зема телефонот од раката, го фрла на улицата и се упатува кон неговиот автомобил.
Kanye West seen throwing a woman’s phone for recording him. She has since filed a police report against him.pic.twitter.com/AX5c7ctA7t
-->— Daily Loud (@DailyLoud) January 28, 2023
Според TMZ, по инцидентот била повикана полиција и наводно Канје сега бил осомничен во истрага за напад.
Видеото стана вирално на Твитер и додека Канје обично е критикуван, сега доби поддршка од многу корисници:
„Оставете го на мир, што е важно дали е славен. Да, некои луѓе живеат во центарот на вниманието, но тоа не значи дека не можат да бидат како секој друг човек. И, не мора да се извинуваат“.
„Мислам дека славните треба да лобираат за закон кој ќе забрани фотографирање или снимање некого без негова дозвола“.
„Го поддржувам Канје за ова“.
„Треба да ја пријави во овој случај“.