Канје Вест ѝ го фрли телефонот на жена која го снима, новата сопруга и Ким Кардашијан се избегнуваат на натпрeвар на ќерката Норт (видео)
Сепак, некои сметаат дека Канје претерал со тоа што ѝ го фрлил телефонот на жената.
„Зошто сите во коментари го бранат? Ако судиме без контекст, јасно е дека тој погрешил. Тој отиде до нејзиниот автомобил, а таа го снимаше. Исто така, снимањето во јавност е 100% легално“.
„Таа погреши што го снимала. Тој погреши што ѝ го фрли телефонот. Канје е глупав бидејќи знае дека е славен и за вакви инциденти ќе си заработи тужба, во најмала рака“.
Набрзо потоа се појави уште едно видео од Канје кое наводно е направено во истиот ден. И овојпат раперот се расправа со личност која го снима.
These paparazzi’s have no respect for peoples privacy. What type of response was that to a man just trying to go to his kids game in peace. pic.twitter.com/7y0iEUDRMU
— Ye Streams (@kanyestreams1) January 28, 2023
Канје го гледаше натпреварот на Норт со новата сопруга, а помеѓу присутните беше и Ким Кардашијан.
Новата сопруга чека во автомобилот по натпреварот, додека Канје се расправа
Поранешните сопружници успешно се избегнуваа, а Ким сè уште се нема огласено во врска со новата сопруга на раперот.
Спирова С. | Црнобело