Бившата на Кристијано Роналдо ја обвини Џорџина дека правела пластични операции: „Сè повеќе личи на Ким Кардашијан“
- Детали
- сабота, 28 јануари 2023
Една од поранешните девојки на Кристијано Роналдо која има салон за убавина, ја искористи Џорџина како пример за „успешна ринопластика“, објавувајќи стара фотка која наводно е од неа. Таа го обвини и бившиот Кристијано дека направил операција на носот, како и третман за обликување на мускулите на телото.
Нереида Галардо е поранешна девојка на Кристијано Роналдо, а парот се раздели во 2008 година. Нивната врска траеше релативно кратко – околу осум месеци, па јавноста веројатно не се ни сеќава на нив.
Сепак, Нереида сега успеа да го привлече вниманието на јавноста со нејзиното тврдење дека Џорџина – сегашната девојка на фудбалерот – има направено пластична операција.
39-годишната Нереида има салон за убавина каде што нуди и третмани како филери и отстранување масни наслаги.
На официјалниот Инстаграм профил на нејзиниот салон, таа споделува „пред и потоа“ споредби од нејзините третмани, а честопати објавува и за пластични операции.
Во една ваква објава, таа пишува за ринопластика, а како пример ја искористи девојката на поранешното момче.
Нереида сподели неколку фото-споредби од различни познати жени, а првите фотки се од Џорџина. Иако има разлика во носот, не е познато дали постарата фотка навистина е од Џорџина.
На понова објава, таа прави споредба помеѓу лицето на Џорџина и Ким Кардашијан, а во описот вели:
„Џорџина Родригез сè повеќе личи на Ким Кардашијан. Што мислите? Прекрасна трансформација и за двете“.
Иако изгледа како Нереида да ги фали наводните пластични операции на Џорџина, во коментари се соочи со критики зошто ја избрала токму неа како пример.
„Немој да бидеш љубоморна. Таа отсекогаш била и ќе биде убава“.
„Ти си љубоморна личност и треба да бидеш внимателна некој да не те тужи. Твоите тврдења се неосновани!“
Претходно Нереида го искористи и бившиот како пример, а и за него изјави дека правел пластични операции.
„Кристијано Роналдо е одличен пример за средување на физичкиот изглед. Португалската ѕвезда, покрај строгата диета и режимот на вежбање, има направено неколку естетски корекции. Има направено ринопластика за да ја промени формата на носот“.
Во долгиот опис, Нереида тврди дека Роналдо има направено и третман познат како липоскулптура со кој се обликува телото.
Џорџина никогаш нема ни спомнато дека правела корекции на лицето, а засега се нема огласено за обвинувањата на Нереида.
Инаку, по разделбата со Нереида, Роналдо беше во врска со Ирина Шајк, а во 2017-та ја запозна Џорџина и оттогаш е со неа.
Нереида, пак, сега е во брак со бизнисмен од Мајорка. По разделбата со Роналдо, кој ѝ раскинал преку СМС-порака, таа јавно го нападна фудбалерот, изјавувајќи дека тој е „само убаво момче без мозок“.
Наводно, Нереида и Роналдо се разделиле бидејќи семејството на фудбалерот било разочарано од топлес фотките на Нереида кои се појавиле во шпански магазин, кратко откако ја почнале врската.
Дури и откако се венча со бизнисменот, Нереида одвреме-навреме го критикуваше Роналдо, со изјави како:
„Кристијано беше добар во кревет, но мојот сопруг е многу подобар“.
Спирова С. | Црнобело