„Заработувам многу повеќе од партнерот и преку глава ми е што јас морам да плаќам за сè - што да правам?“

„Тој станува мрзлив, затоа што ти си неговиот спонзор сега. Мора итно да престанеш да плаќаш за него.“

zarabotuvam-mnogu-povekje-od-partnerot-i-preku-glava-mi-e-shto-jas-moram-da-plakjam-za-se-shto-da-pravam-01.jpg

Жена на форумот „Mumsnet“ поттикна вистинска дебата откако откри дека заработува 4 пати повеќе од нејзиниот партнер и дека поради тоа таа плаќа за сè.

Aнонимната жена вели дека сака да ги дели работите на половина, но дека тоа не е случај во нејзината врска.

Многумина во коментари ѝ порачаа итно да ја прекине врската затоа што тој ја користи и дека таа не треба да се грижи за него, иако тој заработува помалку.

Нејзината објава на форумот:

„Со партнерот сме заедно околу 8 месеци, а бевме пријатели една година пред врската. Се запознавме преку работа и кликнавме веднаш како пријатели.
Тој на почетокот не ми се допадна за љубовен партнер, не беше мој тип на маж, но како што го запознавав повеќе, толку ми беше поатрактивен.

Единствено што ме загрижуваше е разликата во финансиската состојба, дури и го дискутиравме тоа. Долгорочно гледано тој има потенцијал да биде на местото на кое сум јас и тоа за околу 3-5 години и му кажав дека ќе треба да се потруди околу тоа.
На почетокот така и беше, но како напредуваше нашата врска тој забави со темпото и престана да го прави тоа што е потребно во неговата професија за да успее.

Јас плаќам за 99% од работите во нашата врска, како што е одмор, оброци кога излегуваме итн.
Тој е навистина пријатна личност и одличен е со моето семејство, сите го сакаат, но сум имала поранешна ваква врска кога јас сум плаќала сè и чувствувам како историјата да се повторува.

Што треба да направам во ваква ситуација? Главата ми вели да ставам крај на работите, а срцето да му дадам уште една шанса.“

zarabotuvam-mnogu-povekje-od-partnerot-i-preku-glava-mi-e-shto-jas-moram-da-plakjam-za-se-shto-da-pravam-03.jpg

Дел од коментарите се:

„Ти буквално плаќаш за тоа да ти прави друштво и да минува време со тебе. Мора да му кажеш дека ова треба да сопре и тој да почне да планира, организира и плаќа некогаш, возрасен човек е.“

„Тој станува мрзлив, затоа што ти си неговиот спонзор сега. Мора итно да престанеш да плаќаш за него.“

„Ако јас бев ти, ќе го напуштев веднаш.“

„Ако парите ти беа важни, зошто воопшто започнуваше врска со некој кој заработува толку помалку од тебе? Тоа негативно влијае на двајцата.“

Што мислите вие за оваа ситуација, кој е вашиот совет?

zarabotuvam-mnogu-povekje-od-partnerot-i-preku-glava-mi-e-shto-jas-moram-da-plakjam-za-se-shto-da-pravam-04.jpg

С. С. | Црнобело/ фото: depositphotos.com

Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан се жали дека децата ѝ се надвор од контрола: „Се заклучив во бањата, не можам веќе са... „Тропаат по врата, врескаат, плачат додека не добијат iPad, а јас не можам да из...
Адријана Лима: „Критиките за изгледот ми се смешни, немам 16 години, туку 42“ „Бев шокирана кога ги видов најновите фотки од мене, си помислив дека тоа не сум...
Малума објави видео на кое ја бричи главата на 4-месечната ќерка: „Ти си лош родител“ „Можеби си добар музичар, но ти си лош родител“ – му порачаа дел од следбениците...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
„Таа е сè што јас не сум“ – Џони Деп ја возвишува мајката на неговите деца, додека се гледа со 33 го... „Срамота – таа е само две години постара од ќерка му!“ - Џони Деп е на удар на к...
Пејачката Лизо непрепознатлива откако ослабе, по изјавите дека е здрава и фит и со над 100kg Низ годините, Лизо честопати изјавуваше дека не сака да биде слаба и дека е здра...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg