Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возачи 01-10-2024


„Како да е на плажа со дедо ѝ“ – Реакции за фотките на Руперт Мурдок (91) со 25 години помладата девојка

„Убаво е да се види дека му помага на дедо ѝ да се раздвижи“ – коментираат дел од твитерџиите до фотографијата на Руперт Мурдок и неговата 25 години помлада девојка. Милијардерот на 91 година одлучи да се разведе со сопругата, а сега има нова девојка со која е на одмор на Барбадос.

kako-da-e-na-plazha-so-dedo-i-reakcii-za-fotkite-na-rupert-murdok-91-so-25-godini-pomladata-devojka-01.jpg

Сопственикот на Fox, Руперт Мурдок, пред 6 месеци беше топ тема во медиумите откако по 6 години брак одлучи да се разведе од 26 години помладата сопруга Џери Хол, а сега е забележан со новата девојка, која исто така е 25 години помлада од него.

kako-da-e-na-plazha-so-dedo-i-reakcii-za-fotkite-na-rupert-murdok-91-so-25-godini-pomladata-devojka-03.jpgСо поранешната сопруга Џери Хол

Мурдок беше фотографиран додека одмора на Барбадос со Ен Лесли Смит (66) која е вдовица на кантри музичарот Честер Смит.

kako-da-e-na-plazha-so-dedo-i-reakcii-za-fotkite-na-rupert-murdok-91-so-25-godini-pomladata-devojka-02.jpgСо новата девојка

Според пишувањата во странските медиуми, Мурдок и Смит почнале да се гледаат во ноември минатата година, а во Барбадос престојуваат на покана на британскиот милијардер Ентони Бамфорд.

kako-da-e-na-plazha-so-dedo-i-reakcii-za-fotkite-na-rupert-murdok-91-so-25-godini-pomladata-devojka-04.jpgСо новата девојка

За Ен Лесли Смит се знае дека пред да биде во брак со кантри музичарот, претходно имала уште еден брак во кој била жртва на семејно насилство, по што, како што вели, го пронашла патот кон Бога.

Денес таа работи како водителка на радио, а останала вдовица во 2008-ма година, кога нејзиниот сопруг починал од срцев удар на возраст од 78 години.

kako-da-e-na-plazha-so-dedo-i-reakcii-za-fotkite-na-rupert-murdok-91-so-25-godini-pomladata-devojka-06.jpgНовата девојка на Руперт Мурдок

Една од нивните фотографии од Барбадос, масовно се споделува на социјалните мрежи и додека многумина ја споредуваат со фотографиите од пред 6 години на кои тој е заедно со поранешната сопруга Џери Хол, други коментираат дека неговата нова девојка изгледа како да го шета дедо ѝ на плажа.

1531449138648_jerry-hall-rupert-murdoch-7.jpgСо поранешната сопруга Џери Хол

Сопственикот на Fox зад себе има 4 брака. Првиот е со Патриша Букер со која се оженил на 25 години и ја добил ќерката Пруденс.

По разводот со Букер се оженил за Ана Торв, новинарка со полско потекло, со која беше во брак до 1999-тата година и со која ги доби двата сина Лаклан и Џејмс и ќерката Елизабет.

kako-da-e-na-plazha-so-dedo-i-reakcii-za-fotkite-na-rupert-murdok-91-so-25-godini-pomladata-devojka-09.jpg

По неа се ожени за жена со кинеско потекло Венди Данг, која беше 30 години помлада од него и која работела како волонтер во една од неговите ТВ станици. Заедно добиле 2 ќерки, а се развеле во 2014-та година.

kako-da-e-na-plazha-so-dedo-i-reakcii-za-fotkite-na-rupert-murdok-91-so-25-godini-pomladata-devojka-10.jpg

Во 2016-та година Мурдок се ожени за Џери Хол, со која се разведе по 6 години брак.

kako-da-e-na-plazha-so-dedo-i-reakcii-za-fotkite-na-rupert-murdok-91-so-25-godini-pomladata-devojka-05.jpg

Дали милијардерот ќе одлучи по петти пат да застане пред олтар, останува да видиме.

Прочитајте и Милијардерот Руперт Мурдок на 91 година се разведе од 26 години помладата сопруга - по мејл ја известил дека сака развод

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
„Не сакам да сум сопруга, туку девојка“: Шакира и уште 4 славни кои не сакаат да стапат во брак Шакира никогаш не била во брак, а Џејн Фонда смета дека сама може да направи пов...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg