Милијардерот Руперт Мурдок на 91 година се разведе од 26 години помладата сопруга - по мејл ја известил дека сака развод

Руперт Мурдок, сопственик на Fox, по мејл ја известил сопругата дека сака да се разведат, по што таа веднаш поднела документи и ангажирала поранешен полицаец да му ги достави додека тој бил на свадба кај внуката. По само пет недели парот стави крај на заедничкиот живот. Активен живот на 91 година... 

milijarderot-rupert-murdok-na-91-godina-se-razvede-od-26-godini-pomladata-sopruga-po-mejl-ja-izvestil-deka-saka-razvod-01.jpg

По само 6 години брак медиумскиот магнат Руперт Мурдок (91) се разведе од својата 26 години помлада сопруга, поранешната манекенка Џери Хол (65).

Претходно, се појавија информации дека Џери Хол поднела барање за развод заради ненадминливи разлики, а само еден ден подоцна е објавено дека парот спогодбено се развел и одлучиле да останат добри пријатели.

milijarderot-rupert-murdok-na-91-godina-se-razvede-od-26-godini-pomladata-sopruga-po-mejl-ja-izvestil-deka-saka-razvod-02.jpg

Портпаролот на Руперт Мурдок излезе со официјално соопштение до медиумите во кое стои:

„Џери Хол и Руперт Мурдок го финализираа разводот. Ќе останат добри пријатели и си посакуваат сѐ најдобро во иднина“.

milijarderot-rupert-murdok-na-91-godina-se-razvede-od-26-godini-pomladata-sopruga-po-mejl-ja-izvestil-deka-saka-razvod-03.jpg

Засега се шпекулира што ќе значи разводот за богатството на Мурдок, кој е сопственик на корпорациите Fox и News Corp и се претпоставува дека „тежи“ околу 18.8 милијарди долари.

Според првичните информации, Хол добила солиден паричен надомест што ќе ѝ овозможи да продолжи да живее луксузен живот и во иднина.

milijarderot-rupert-murdok-na-91-godina-se-razvede-od-26-godini-pomladata-sopruga-po-mejl-ja-izvestil-deka-saka-razvod-04.jpg

Инаку, Руперт и Џери стапија во брак во 2016-та година во Лондон.

milijarderot-rupert-murdok-na-91-godina-se-razvede-od-26-godini-pomladata-sopruga-po-mejl-ja-izvestil-deka-saka-razvod-05.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Тврди дека 9 години немал секс, се чува за вистинската – Помалку познати факти за Лени Кравиц Потекнува од семејство на познати родители, но на почетокот на кариерата морал д...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg