Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Возачи 01-10-2024


Мелани Грифит, бившата на Антонио Бандерас, со нова лузна на лицето по битката со ракот на кожата и бројните операции (фото)

Мелани Грифит беше дијагностицирана со рак на кожата во 2009 година, и оттогаш направи многу операции за отстранување на заболеното ткиво од лицето. Актерката одамна нема споделено каква е нејзината здравствена состојба, но сега беше забележана со нова голема лузна на лицето.

melani-grifit-bivshata-na-antonio-banderas-so-nova-luzna-na-liceto-po-bitkata-so-rakot-na-kozhata-i-brojnite-operacii-foto-01.jpg

Мелани Грифит, која до 2015 година беше во брак со Антонио Бандерас, од 2009-та се бори со рак на кожата.

Актерката беше делумно отворена за нејзината битка, особено во 2018 година кога сподели селфи по операција за отстранување на ракот од нејзиниот нос.

Сега 65-годишната актерка беше забележана со нова лузна на лицето, но не е познато дали станува збор за уште една операција.

melani-grifit-bivshata-na-antonio-banderas-so-nova-luzna-na-liceto-po-bitkata-so-rakot-na-kozhata-i-brojnite-operacii-foto-10.jpg

Мелани беше фотографирана минатата недела, а на фотките се гледа дека на левата страна од лицето има голема лузна.

melani-grifit-bivshata-na-antonio-banderas-so-nova-luzna-na-liceto-po-bitkata-so-rakot-na-kozhata-i-brojnite-operacii-foto-11.jpg

Мелани беше дијагностицирана со рак на кожата во 2009 година поради што ѝ беа направени неколку операции за отстранување на заболената кожа од нејзиното лице.

Во интервју за Survivor Net, таа сподели како се чувствувала кога ја добила дијагнозата:

„Вашиот мозок не функционира најдобро. Ова не е нешто што сте го побарале. Ова не е нешто што го добивате ако сте погрешиле. Не можете да размислувате јасно додека не се смирите“.

melani-grifit-bivshata-na-antonio-banderas-so-nova-luzna-na-liceto-po-bitkata-so-rakot-na-kozhata-i-brojnite-operacii-foto-12.jpg

Операциите и хемотерапијата се покажале како успешни, па неколку години Мелани немаше рак на кожата.

Сепак, откако се ослободи од ракот на кожата, актерката дознала дека има тумор во нејзините црева. По ова, повторно почнала со хемотерапија, а ѝ била направена и операција.

melani-grifit-bivshata-na-antonio-banderas-so-nova-luzna-na-liceto-po-bitkata-so-rakot-na-kozhata-i-brojnite-operacii-foto-08.jpg

За да не „полуди“ поради проблемите со здравјето, актерката сподели дека избегнувала да чита што било поврзано со рак.

„Не му дозволувајте на умот да ве надвладее. Дишете и слушајте. Плачењето и викањето се одлични за ослободување на негативните емоции“.

Проблемите со здравјето не завршија овде, па во 2017 година Мелани сподели дека ракот на кожата повторно се вратил.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Кои познати личности ја криеја дијагнозата со рак? Јавноста дозна дека Дејвид Боуви имал рак на црниот дроб дури по неговата смрт, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg