Се изгладнуваат, прават пластични операции на очите – мрачната страна зад совршениот изглед на корејските поп-ѕвезди
- Детали
- недела, 08 јануари 2023
Знаевте ли дека членовите на к-поп бендовите мораат да се изгладнуваат, да ја избелуваат кожата и да прават пластични операции ако сакаат да бидат успешни во музичката индустрија?
Корејската поп-музика, позната и како к-поп, станува сè попопуларна ширум светот, особено кај помладите генерации.
Најпопуларни се бендовите кои ги сочинуваат по неколку млади девојки или момчиња кои навистина изгледаат совршено.
Сепак, изгледа малкумина се свесни за тортурата што ја трпат овие млади изведувачи за да ги исполнат нереалните стандарди за убавина што им ги наметнува забавната индустрија во Јужна Кореја.
Што сè прават к-поп ѕвездите за да изгледаат совршено?
Вежбаат со часови
Многу млади од Јужна Кореја сонуваат да станат дел од к-поп бенд, што значи конкуренцијата е огромна.
Тие минуваат строг процес на селекција каде што ги покажуваат вокалните и танцувачките способности, а за да дојдат на ред на аудиција чекаат со часови.
Откако ќе бидат избрани, пред воопшто да потпишат договор со продукциска куќа, тие мораат да научат одредени песни и кореографии.
Според поранешен тренер кој работел со идни к-поп ѕвезди, овие тренинзи почнувале во четири наутро и траеле до полноќ.
Ставаат влошки под пазувите кога настапуваат
Ако изгледате концерт на к-поп бенд, ќе забележите дека и покрај енергичното танцување, изведувачите немаат ни капка пот на облеката.
За ова, тие користат влошки кои ги ставаат на облеката во областа на пазувите.
Следат многу строг режим на исхрана
Јужна Кореја има многу нереални стандарди за убавина и се очекува сите девојки и момчиња да бидат многу слаби.
Менаџерите на к-поп ѕвездите дури и редовно ја мерат нивната тежина за да ги држат под контрола. Многу од нив не пиеле ни вода пред овие мерења.
Членка на к-поп бендот Twice има изјавено дека морала да ослаби 7 килограми за една недела пред првиот настап на нејзиниот бенд.
Носат потполнки на нозете и задниот
Девојките од к-поп бендовите иако се многу слаби, сепак имаат облини.
Но, повеќето од нив носат потполнки на задникот и нозете за да го постигнат овој ефект.
Тие неретко мораат да носат и пуш-ап градници.