Се изгладнуваат, прават пластични операции на очите – мрачната страна зад совршениот изглед на корејските поп-ѕвезди

Некои мораат да прават пластични операции

Забавната индустрија во Јужна Кореја е сурова, па многу од девојките и момчињата во к-поп бендовите прават и пластични операции за да го постигнат посакуваниот совршен изглед.

Од нив се очекува да имаат мал нос и полни усни, и што е можно потенко лице.

Не секој е роден со вакви карактеристики, па оние кои сакаат да успеат во оваа индустрија, мора да се согласат и на пластични операции.

se-izgladnuvaat-pravat-plastichni-operacii-na-ochite-mrachnata-strana-na-sovrsheniot-izgled-na-korejskite-pop-dzvezdi-06.jpg

Прават пластични операции и на очите

Можеби звучи чудно, но спуштените очни капаци кои се карактеристични за луѓето од Азија се сметаат за непривлечни во Јужна Кореја.

Поради ова, многу девојки прават и операција на очите.

se-izgladnuvaat-pravat-plastichni-operacii-na-ochite-mrachnata-strana-na-sovrsheniot-izgled-na-korejskite-pop-dzvezdi-07.jpg

И бојата на кожата може да биде проблем

Од к-поп ѕвездите се очекува да имаат многу светла кожа, речиси како на порцеланска кукла.

Исто така, тие не треба да имаат ниту една брчка на лицето.

Поради ова, често прават третмани за осветлување на кожата и измазнување на брчките, без разлика што имаат само 20-тина години. 

se-izgladnuvaat-pravat-plastichni-operacii-na-ochite-mrachnata-strana-na-sovrsheniot-izgled-na-korejskite-pop-dzvezdi-08.jpg

Целосно си го менуваат изгледот на забите

Веројатно веќе не сте изненадени што овие ѕвезди треба да имаат и совршена насмевка.

Па, тие носат протези, ги избелуваат забите, па дури и ги заменуваат забите со порцелански, само затоа што не им се совршени.

se-izgladnuvaat-pravat-plastichni-operacii-na-ochite-mrachnata-strana-na-sovrsheniot-izgled-na-korejskite-pop-dzvezdi09.jpg

Прават липосукција на нозете

Слабите нозе се задолжителен адут за к-поп ѕвездите, а некогаш за ова не е доволно вежбањето.

За нив е особено важно да имаат простор помеѓу нозете, па некогаш одат и на липосукција за да ги отстранат масните наслаги.

se-izgladnuvaat-pravat-plastichni-operacii-na-ochite-mrachnata-strana-na-sovrsheniot-izgled-na-korejskite-pop-dzvezdi-10.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Првата сопруга на Принц: Ја посвои на 16 години, на 19 ѝ ја одзеде невиноста, смртта на синот им го ... Кога првата сопруга на Принц имала 16 години, тој станал нејзин законски старате...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Кејт Мос (50) - пијана, Деми Мур (61) - без грам шминка: Фото докази дека и ѕвездите се само „обични... Кети Пери се шета во тренерки, бившиот на Џенифер Анистон си пие вино со новата ...
Бен Афлек насмеан покрај бившата сопруга, Бред Пит напорно работи: Фото докази дека и ѕвездите се „о... Бен Афлек стана препознатлив по неговиот „мизерен“ изглед пред папараците, но ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg