Се откажа од кариерата заради него, а тој и по 21 година не ги трга рацете од неа – Љубовната приказна на Марк Валберг и Риа Дурам
- Детали
- недела, 01 јануари 2023
Риа Дурам беше еден од најубавите модели на The Victoria’s Secret, но се откажа од кариерата за да се посвети на својот сопруг и семејството. Тие се венчаа откако добија 4 деца заедно, а тој ја величи и тврди дека таа го направила подобар човек и не обрнува внимание на промените на нејзиното тело – љубовната приказна на Марк Валберг и Риа Дурам.
Познатиот холивудски актер Марк Валберг (51) божиќните празници ги прослави на Барбадос заедно со неговата сопруга Риа Дурам (44), а папарацо фотографите веднаш го забележаа неговото извајано тело на плажа.
Марк и неговата сопруга се фотографирани како заедно уживаат на плажа, се бакнуваат во вода, а овојпат беа сами, без нивните четири деца.
Иако голем број жени воздивнуваат по него, Марк веќе 21 година е верен само на една жена, а во една прилика рече дека таа го сака таков каков што е и дека Риа е личноста на која може безусловно да ѝ верува.
„Пред да ја запознам не бев подготвен да имам семејство“ – рече Марк.
Марк и Риа имаат складен брак, на којшто можат да завидат голем број холивудски ѕвезди.
Во продолжение неколку интересни факти за нивната љубовна приказна:
Пред да стане познат актер, Марк Волберг беше член на бендот Marky Mark and the Funky Bunch, а работеше и како модел за Calvin Klein. Својата прва филмска улога ја доби во 1994-та година во филмот Renaissance Man.
Риа Дурам почнала да работи како модел во 1995-та година и се појавила на насловните страни на голем број познати магазини, а беше дел и од модното шоу на The Victoria’s Secret во периодот од 2000-та до 2001-ва година.
Риа и Марк се запознале на промоција на негов филм во 2001-ва година. Интересно е дека на првиот состанок тој ја поканил да одат во црква, а двајцата тврдат дека тоа било љубов на прв поглед.
Во една прилика актерот кој имал мошне проблематично минато и бил 45 дена во затвор за напад на повозрасен човек (а требало да служи 2 години), тврди дека неговата сопруга го направила подобар човек. Toj даде изјава во која ја величаше својата сопруга и не криеше колку е среќен затоа што ја нашол вистинската личност со која може да го помине животот:
„Многу ѝ должам на мојата сопруга. Таа ми помогна да станам човекот што сум денес и создаде прекрасен живот за мене и за нашето семејство. Потребна ти е вистинската жена во животот и да знаеш дека заедно ќе бидете долго време. Тоа е многу важно ако сакате да имате деца заедно.“