Шакира во пустина во потрага по мир, Северина конечно со синот - Како славните го прославија и честитаа Божиќ 2022?
- Детали
- понеделник, 26 декември 2022
Парис Хилтон традиционално позира во провокативна долна облека, Бекамови ја продолжуваат традицијата со децата во пижами, Кјара Ферањи по бикини на снег, Лука Модриќ испраќа честитки од Малдиви со семејството, а Шакира е со синовите во пустина, во потрага по мир, како што напиша - Како го поминаа славните Божиќ 2022?
Изминатиот викенд, припадниците на католичката вероисповед ја дочекаа бадниковата вечер во кругот на семејствата и го прославија Божиќ, а славните личности од регионот и светот ги упатија своите честитки до фановите на Инстаграм.
Некои од ѕвездите ги поминаа божиќните празници во домот, во кругот на семејствата, други пак, го прославија со саканите, но на егзотична и топла дестинација.
Северина оваа година конечно го помина празничниот период со нејзиниот син, во домот покрај елка, Данијела Мартиновиќ пак, објави фотка сама, Мараја Кери уште еднаш докажа дека е „кралица на Божиќ“, а Ким Кардашијан се потсети на детството.