„Синче на мама, ќеркиче на тато“ – Ѕвезди кои признаваат дека се прославиле заради родителите
- Детали
- понеделник, 07 август 2023
Додека повеќето ѕвезди не признаваат дека славните родители им помогнале да се пробијат во забавната индустрија, некои од нив, како Гвинет Палтроу и Витни Хјустон, отворено кажале дека имале многу привилегии.
Не е тајна дека повеќето познати личности од забавната индустрија успеале да се пробијат благодарение на нивните родители.
Непотизмот дефинитивно доминира и во светот на славните и скоро сите ѕвезди имаат родител или член од семејството кој бил активен во забавната индустрија, па им го пополочил патот и нив.
Но, повеќето од овие славни личности не признаваат дека добиле помош од родителите. Иако можеби тие се одлични во она што го работат, во индустрија каде што конкуренцијата е поголема од каде било на друго место, славните родители и нивните контакти дефинитивно се најважниот фактор.
Минатата година се актуелизира оваа тема, благодарение на колумна на магазинот New York.
Оттогаш имаат поминато неколку месеци, но јавноста уште зборува за непотизмот во Холивуд и ги критикува ѕвездите кои не признаваат дека се пробиле благодарение на познатите родители.
Додека повеќето ѕвезди ги негираат своите привилегии, постојат и оние кои се отворени.
Дел од нив во продолжение:
Витни Хјустон
Мајката на Витни Хјустон е 89-годишната Циси Хјустон која ја почнала кариерата како бек-ап вокал за ѕвезди како Арета Франклин. Потоа почна соло кариера и има освоено две Греми награди.
Витни Хјустон го надмина успехот на мајка си и во својата кариера освои дури шест Греми награди, но никогаш не ја негираше нејзината привилегија.
Во 1998 година, таа првпат прозборе за оваа тема во интервју. На прашањето дали славата на мајка ѝ ѝ помогнала во нејзината кариера, пејачката одговори:
„Да. Мајка ми ми рече: Ќе ти помогнам да влезеш низ вратата, но штом ќе влезеш, оставена си на себе“.
Џејн Фонда
Џејн Фонда е една од најпознатите актерки во светот, а е ќерка на холивудскиот актер Хенри Фонда.
Хенри Фонда, кој почина во 1982 година, беше помеѓу првите холивудски актери и има освоено еден Оскар.
А, Џејн Фонда не крие дека славата на татко ѝ била од огромна помош.
„Јас сум ќерка на Хенри Фонда, така станав позната“, изјави таа во интервју.