„Синче на мама, ќеркиче на тато“ – Ѕвезди кои признаваат дека се прославиле заради родителите
Џејми Ли Кертис
По филмот Halloween за кој се снимени неколку продолженија, кариерата на Џејми се движи само во нагорна линија.
Таа има глумено во многу популарни филмови, а има освоено и бројни филмски награди.
Но, и покрај талентот, таа признава дека фактот што нејзините родители биле познати има најголем удел во нејзиниот успех.
Таткото на Џејми е Тони Кертис кој глумеше покрај некои од најголемите филмски ѕвезди, како Мерилин Монро.
И мајката на Џејми беше актерка која соработуваше со режисери како Алфред Хичкок.
Актерката има изјавено дека ја добила улогата во Halloween благодарение на родителите.
„Ако треба да избираат, ќе изберат некој со познати родители бидејќи ќе добие поголемо медиумско внимание. Никогаш нема да се преправам дека сама ја добив улогата. Очигледно, имав голема помош“.
Маја Хок
Маја Хок се прослави благодарение на серијата Stranger Things, а целиот свет ги знае нејзините родители – актерите Итан Хок и Ума Турман.
24-годишната актерка, која премногу личи на мајка си, неколкупати има изјавено дека е привилегирана поради познатите родители.
„Единствениот начин да се справам со непотизмот – кој дефинтивно ми дава огромна предност во животот – е да сфатам дека ќе добивам многу шанси, но дека тоа нема да се случува до недоглед“.
Џиџи Хадид
Моментално, Џиџи Хадид и сестра ѝ Бела се најпознатите модели во светот, но и тие се пробија благодарение на влијанието на нивните родители.
Татко на Џиџи, Мохамед Хадид, е агент за недвижнини за познати личности и продава куќи во најлуксузните области во Холивуд. Мајка ѝ Јоланда беше модел.
Додека Бела нема зборувано на оваа тема, Џиџи не крие дека е привилегирана.
„Знам дека имам привилегии и на почетокот чувствував вина поради ова. Морам и да работам напорно бидејќи моите родители успеале потполно сами, па морам да им покажам почит“.
Гвинет Палтроу
Гвинет Палтроу е ќерка на актерката Блит Данер која има освоено две Еми награди и е активна до денес.
И актерката не крие дека познатата мајка ѝ помогнала да се пробие во забавната индустрија:
„Како дете на позната личност, добивате пристап што другите луѓе го немаат, па другите немаат исти можности како вас“.
Спирова С. | Црнобело