Љубовен триаголник со Хари Стајлс и Оливија Вајлд, во врска е со 21 година постар маж – Која е Флоренс Пју?
- Детали
- сабота, 24 декември 2022
Беше номинирана за Оскар за најдобра споредна женска улога во 2020-та година, годинава е актуелна со улогата во филмот „Don’t Worry Darling“ на Оливија Вајлд, во кој ја игра главната улога заедно со Хари Стајлс, а е топ тема заради жешките секс сцени што ги снимија заедно.
Премиерата на овој „Don’t Worry Darling“ привлече големо внимание заради љубовните расправии помеѓу Хари Стајлс и Оливија Вајлд, а Флоренс не сакаше да се вклучи активно во промоцијата на филмот.
Таа во една прилика изјави дека не ѝ се допаѓа тоа што сите прашања за филмот се фокусирани на секс сцените и дека не сака да зборува за тоа, а на премиерата на Филмскиот фестивал во Венеција, актерите беа топ тема заради скандалите и нарушените меѓусебни односи.
Оливија и Флоренс се скарани, Хари Стајлс навидум му плукна на Крис Пајн во скут, а по премиерата Оливија Вајлд и Хари раскинаа.
Официјалната верзија за влошените односи меѓу режисерката и актерката која ја имаше главната улога е дека Флоренс не се чувствувала пријатно заради аферата на Оливија Вајлд и Хари Стајлс, но други коментираат дека најверојатно станувало збор за љубовен триаголник.
Се вели дека Флоренс Пју е една од актерките за која светот допрва ќе слушне, затоа што зад себе има веќе една номинација за Оскар, а играла во голем број популарни филмови како: Black Widow, Don't Worry Darling, The Wonder, Midsommar.
На возраст од само 26 години таа зад себе има повеќе улоги, а препознатлива е по извонредниот талент и по малку грубиот глас.
Што знаеме за Флоренс Пју?
Родена е во 1996-та година во Оксфорд, Англија. Таа има уште еден брат и две сестри, кои исто така се музичари и актери. Како дете страдала од трахеомалација, болест заради која често била згрижувана во болница, а што го предизвикува и рапавиот глас по кој е препознатлива.
Трахеомалација е болест кога трахејата (цевката во грлото низ која поминува воздухот до белите дробови) се стеснува или се затвора за време на дишењето, што предизвикува бучно дишење, чест бронхитис, кашлица и воспаленија на органите за дишење.