Фотки од апсењето на жената што провалила во домот на Роберт Де Ниро, додека тој и неговата ќерка (11) спиеле
- Детали
- вторник, 20 декември 2022
Откако била пуштена на слобода, полицијата ја следела во чекор што прави. На овој начин 30-годишната Шанис Авилс била фатена на дело откако провалила во домот на Роберт Де Ниро, додека актерот и неговата 11-годишна ќерка спиеле.
Се обидела да ги украде подароците под елката и чепкала во ајподот на Роберт Де Ниро. Шанис Авилс е жената која била фатена на дело додека се обидувала да изврши кражба во домот на познатиот актер Роберт Де Ниро.
Според полицијата 30-годишната Шанис на полицијата ѝ е позната по тоа што и претхиодно извршила повеќе кражби, а била апсена околу 26 пати.
Таа се спуштила по скалите што воделе до подрумот во домот на 79-годишниот актер околу 2.30 часот наутро и насилно влегла со помош на метален предмет.
Претходно полицијата ја следела додека таа се обидувала да провали во повеќе бизнис објекти, а ја фатиле на „дело“ кога влегла во домот на актерот.
„Крадеше божиќни подароци“ – велат во соопштението од полицијата.
За време на инцидентот Роберт Де Ниро и неговата 11-годишна ќерка Хелен Грејс цврсто спиеле и не знаеле што се случува.
Авил повторно доби ново обвиненија за кражба.
Инаку таа претходно била уапсена за кражби, но се спогодила со полицијата за условно пуштање на слобода без да плати кауција.
Оттогаш па наваму, полицијата ја следела во чекор и очекувале таа повторно да изврши ново кривично дело.
Прочитајте и Де Ниро заработува милиони, а пак е пред банкрот – Како сопругата го „цеди“ богатството?
Погледнете го видеото од апсењето:
Police caught a serial burglar stealing Christmas presents from inside Robert De Niro’s townhome in Manhattan early Monday morning, according to police sources. Shanice Aviles, 30, was arrested on burglary charges. pic.twitter.com/lzzLy4qpVV
— PIX11 News (@PIX11News) December 20, 2022
Б. С. Б. | Црнобело