Жена со аутизам и церебрална парализа го обвини Ник Картер од Backstreet Boys за силување: „Имав само 17 години, бев невина“

Шенон Рут одржа прес-конференција на која сподели детали од силувањето... Ник ја однел во тоалетот во автобусот на групата ѝ ја присилил на орален секс. Шенон вели дека постојано плачела, но тој продолжувал да ѝ наредува што да прави, пред да ја однесе на креветот во автобусот каде што ја силувал. „Откако ме силуваше, се сеќавам дека ме навредуваше, ме зграпчи и ми направи модринки на раката', споделува таа.

zhena-so-autizam-i-cerebralna-paraliza-go-obvini-nik-karter-od-backstreet-boys-za-siluvanje-imav-samo-17-godini-bev-nevina-01.jpg

Ник Картер од Backstreet Boys е обвинет за силување од страна на 39-годишната Шенон Рут, која вели дека инцидентот се случил во 2001-ва, кога таа имала само 17 години.

Шенон, која има аутизам и церебрална парализа, одржа прес-конференција на која сподели детали од силувањето и ја најави нејзината тужба.

Според неа, инцидентот се случил во февруари 2001 година, по концерт на Backstreet Boys во Вашингтон.

zhena-so-autizam-i-cerebralna-paraliza-go-obvini-nik-karter-od-backstreet-boys-za-siluvanje-imav-samo-17-godini-bev-nevina-04.jpg

Шенон чекала во редица за да добие автограми од музичарите, кога Ник ја поканил на пијачка во нивниот автобус.

Жената вели дека побарала сок, а пејачот ѝ дал „црвен пијалак кој го нарекол пијалак за ВИП личности“.

Таа се напила од пијалакот и забележала необичен вкус, по што претпоставила дека во сокот има и алкохол.

Потоа Ник ја однел во тоалетот во автобусот ѝ ја присилил на орален секс. Шенон вели дека постојано плачела, но тој продолжувал да ѝ наредува што да прави, пред да ја однесе на креветот во автобусот каде што ја силувал.

zhena-so-autizam-i-cerebralna-paraliza-go-obvini-nik-karter-od-backstreet-boys-za-siluvanje-imav-samo-17-godini-bev-nevina-06.jpg

Шенон вели дека му се заканила на Ник со тужба, но тој само ѝ рекол дека никој нема да ѝ верува, како и дека тој ќе се потруди луѓето да се свртат против неа.

„21 година живеам со болка, збунетост, фрустрација, срам и самоповредување кои се директен резултат од силувањето на Ник Картер. Иако имам аутизам и живеам со церебрална парализа, верувам дека ништо немало поголемо влијание врз мојот живот од она што ми го направи и што им го рече Ник Картер.

Откако ме силуваше, се сеќавам дека ме навредуваше, ме зграпчи и ми направи модринки на раката. Картер проба да ме исплаши за да молчам… беше одвратен и ми се закануваше. Ми рече дека ќе ги сврти луѓето против мене бидејќи тој е Ник Картер, бидејќи ја имал моќта да ми го уништи животот“.

zhena-so-autizam-i-cerebralna-paraliza-go-obvini-nik-karter-od-backstreet-boys-za-siluvanje-imav-samo-17-godini-bev-nevina-05.jpg

Шенон вели дека собрала храброст да зборува за силувањето за да го спречи Ник да нападне повеќе девојки и жени. Истовремено, таа вели дека била девица, како ѝ дека се заразила со ХПВ од пејачот.

„Само затоа што Ник Картер е славна личност, не значи дека ќе му биде простено за неговите злодела“, додава Шенон.

zhena-so-autizam-i-cerebralna-paraliza-go-obvini-nik-karter-od-backstreet-boys-za-siluvanje-imav-samo-17-godini-bev-nevina-03.jpg

Според адвокатите на Шенон, Ник имал долга историја на сексуални напади, но поради неговиот статус, сите настојувале да го игнорираат тоа.

Ник уште се нема огласено во врска со обвинението, но извори блиски до него тврдат дека сето ова е лага.

„Ова обвинение е лажно. Моментално Ник се фокусира на неговото семејство и жали за смртта на неговиот брат“, вели извор за ТМZ.

zhena-so-autizam-i-cerebralna-paraliza-go-obvini-nik-karter-od-backstreet-boys-za-siluvanje-imav-samo-17-godini-bev-nevina-08.jpg

За Daily Mail, се огласи и адвокатот на музичарот:

„Тврдењата за инцидент кој наводно се случил пред повеќе од 20 години се целосно невистинити. За жал, веќе неколку години, госпоѓица Рут е манипулирана да дава лажни тврдења за Ник, а овие тврдења постојано се менуваат со текот на времето.

Никој не треба да биде измамен од лагата оркестрирана од опортунистички адвокат – нема никаква вистина во ова тврдење, а без сомнение судот брзо ќе го сфати тоа“.

zhena-so-autizam-i-cerebralna-paraliza-go-obvini-nik-karter-od-backstreet-boys-za-siluvanje-imav-samo-17-godini-bev-nevina-09.jpg

Но, ова не е првпат пејачот да биде обвинет за силување.

Во 2017 година, пејачката Мелиса Шуман изјави дека била силувана од Ник во 2003-та

zhena-so-autizam-i-cerebralna-paraliza-go-obvini-nik-karter-od-backstreet-boys-za-siluvanje-imav-samo-17-godini-bev-nevina-07.jpg

Тогаш пејачот не беше суден наводно бидејќи делото застарело, а самиот ги негираше тврдењата на Мелиса.

Тој изјави дека бил шокиран од нејзините изјави, како и дека кога биле заедно, сè што правеле било со нејзина согласност.

Погледнете и: Се заколна дека ќе го врати старателството над синот, но не успеа - Братот на Ник Картер од Backstreet Boys пронајден мртов

zhena-so-autizam-i-cerebralna-paraliza-go-obvini-nik-karter-od-backstreet-boys-za-siluvanje-imav-samo-17-godini-bev-nevina-02.jpg

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg