Одат на семејна терапија, не смеат да спијат кај другари – Строги правила кои децата на Анџелина Џоли мора да ги следат

Анџелина има навистина оригинални правила кои нејзините деца треба да ги следат. Некои се забавни, додека други се малку построги, како што е забраната за останување на спиење кај другари и другарки и задолжителното знаење на повеќе јазици. Што мислите вие?

odat-na-semejna-terapija-ne-smeat-da-spijat-kaj-drugari-strogi-pravila-koi-decata-na-andjelina-djoli-mora-da-gi-sledat-01.jpg

Анџелина Џоли претставува прилично моќна жена во Холивуд. Глумата, режијата, активизмот и манекенството се само неколку работи што ги има во нејзината професионална биографија. 

Оваа славна личност го користи својот глас за да зборува за различни форми на неправда низ целиот свет.

И покрај напорната работа, таа успева да биде одлична мајка на нејзините шест деца.

Но, кои строги правила нејзините деца мора да ги почитуваат?

Мора да ги прифатат и да ги почитуваат нивните различни културни наследства

Најстарите деца на Џоли, Медокс, Захара и Пакс, се родени во Камбоџа, Етиопија и Виетнам.

Една од најголемите лекции на кои Џоли сака да ги научи своите деца е да се погрижи да знаат од каде дошле и да го почитуваат тоа.

Често патуваат во Азија, Африка, Европа. Тие знаат дека се од Југоисточна Азија, имаат пријатели од таму и имаат посебна гордост за тоа.

Според неа, тие исто така треба да бидат заинтересирани и за историјата и културата на земјите на другите деца и за земјата на Џоли.

Па, така, не смеат да одбијат ниту едно патување таму.

Мора да научат да зборуваат повеќе јазици

Џоли сака сите нејзини деца да можат да зборуваат повеќе од еден јазик.

Па така, Шајло зборува кмерски јазик, Пакс зборува германски, Медокс зборува германски и руски, Вивиен зборува арапски, а Нокс зборува знаковен јазик.

Не смеат да останат на спиење кај другари

Интересно е што децата на Џоли не смеат да престојуваат кај другари. Иако се слободни да прават многу работи, таа сепак е заштитнички настроена кон социјалниот живот на своите деца.

Анџелина има назначено време за дружење со секое дете поединечно

Таа смета дека е исклучително важно да одвои време од нејзиниот напорен ден за да помине време со секое од нејзините деца.

На пример, таа го одведе својот постар син Пакс како гостин на Златен глобус во 2018 година како начин да помине квалитетно време со него, а со ќерките честопати оди на шопинг. 

strogi-pravila-koi-decata-na-angelina-dzoli-treba-da-gi-pochituvaat-vkluchitelno-i-semejna-terapija-01.png

Експерти за сајбер безбедност го следат нивното онлајн присуство

Џоли неодамна креираше профил на Инстаграм, па ова е најдолгото време што е активна на социјалните мрежи.

Таа смета дека нема што да прави ако би била активна и онлајн светот го смета за не толку безбеден.

Затоа тоа сака да биде сигурна дека нејзините деца се безбедни додека користат некоја социјална мрежа.

Никој не смее да отсуствува од семејна терапија

По разводот на Џоли со Пит, таа се погрижи да даде приоритет на семејната терапија за нејзините деца полесно да се справат со разделбата на нивните родители.

Терапијата продолжила и понатаму, не само во периодот од разводот, а децата не смеат да отсуствуваат.

M. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg