„Ме боли срцето за неа“ – Селин Дион се соочува со болест што ќе ја претвори во „жива статуа“, фановите трогнати
- Детали
- петок, 09 декември 2022
Социјалните мрежи се преплавени со емотивни пораки за Селин Дион, откако пејачката откри дека има таканаречен синдром на вкочанета личност – ретка, неизлечива болест, која предизвикува грчење на мускулите и со текот на времето во вкочанува пациентот, односно го претвора во „жива статуа“.
Селин Дион откри дека е дијагностицирана со ретка невролошка болест, позната како Stiff Person Syndrome (синдром на вкочанета личност) која предизвикува нагло грчење на мускулите кое не може да се контролира.
Со текот на времето, телото на личноста со синдромот може целосно да се здрави. Односно, болеста го претвора во „жива статуа“.
Болеста, од која наводно страдаат околу еден милион луѓе, постепено го „здрвува“ телото во одредени положби, па пациентите не можат ниту да се движат, ниту да зборуваат.
54-годишната пејачка ги сподели тажните вести со објава на Инстаграм, откривајќи дека дијагнозата е причината зошто ја одложува нејзината турнеја во Европа.
„Како што знаете, отсекогаш сум била отворена книга и не бев подготвена да кажам нешто, но сега сум. Долг период со справувам со проблеми со здравјето и ми беше навистина тешко да се соочам со моите предизвици и да зборувам за сè низ што минувам.
Неодамна, бев дијагностицирана со многу ретка невролошка болест наречена синдром на вкочанета личност, од која страдаат еден милион луѓе. Додека уште учиме за оваа ретка состојба, сега знаеме дека ги предизвикува грчевите во мускулите што ги имам.
За жал, овие грчеви имаат влијание врз секоја аспект од мојот живот, некогаш ми предизвикуваат тешкотии при одењето и не ми дозволуваат да ги користам гласните жици како порано“.
Пејачката додава дека соработува со одличен тим лекари и дека ја има поддршката од семејството.
„Работам напорно со мојот терапевт за да си ја вратам силата и способноста да изведувам, но признавам дека е тешко. Она што знам е дека целиот живот пеам и тоа е она што сакам да го правам најмногу.
Ми недостасувате многу. Ми недостасува да ве гледам од бината додека изведувам за вас. Секогаш давам 100% за моите концерти, но мојата состојба сега не ми дозволува да ви го дадам тоа. Немам избор освен да се фокусирам на здравјето се надевам дека ќе закрепнам“.
Фановите првпат почнаа да се грижат за здравјето на пејачката на почетокот од 2022 година, кога таа ја откажа турнејата во Северна Америка.
Неколку месеци претходно, таа ги откажа и настапите во Лас Вегас.
Пред да ја открие болеста, на нејзиниот веб-сајт само беше наведено дека пејачката „страда од постојано грчење на мускулите кое не ѝ дозволува да настапува, а закрепнувањето трае подолго отколку што таа очекуваше“.
Во 2019-та, пак, таа ги загрижи фановите со својот изглед – повеќето сметаа дека изгледа премногу слаба. Тогаш пејачката изјави дека отсекогаш била слаба и нема никакви промени кај неа.
Пред страшната дијагноза, Селин се соочи со друга трагедија. Во 2016 година почина нејзиниот сопруг Рене на 73-годишна возраст.
Таа и Рене имаат три деца – близнаците Нелсон и Еди, како и синот Рене-Чарлс.
Социјалните мрежи веќе се преплавени со емотивни пораки од фановите на Селин:
„Знаев дека е сериозно. Селин, ти си моја хероина. Една во милијарда. Се разбира, треба да е нешто многу сериозно за да е победи. Но, ќе издржиш!“
„Ме боли срцето за Селин Дион! Таа дама има направено толку многу за нејзините фанови и ми се крши срцето кога ја гледам во болка. Убава душа како неа не го заслужува ова“.
„Утрово се молам за Селин Дион. Селин беше голема инспирација за мене низ годините – ја испраќам целата моја љубов“.
„Скршена сум од овие вест. Те сакаме Селин!“
„Во чест на оваа храбра и ранлива изјава, ги пуштам нејзините песни на најјако. Кучето е збунето но вреди“.
„Со скршено срце и во солзи поради вестите за Селин Дион. Те обожавам. Кај тебе првпат отидов на концерт, кратко откако излезе Титаник. Никогаш нема да заборавам како ја пееше My Heart Will Go On на модел од Титаник. Се молам за тебе“.
Спирова С. | Црнобело