Полусестрата на Џорџина се заканува: „Таа им помага на сите, но не и на моите деца – ќе изнесам детали од кои се срами“

„Некогаш немам пари ниту да јадам, ја молев да им помогне на децата и да им купи книги, но не сака“ – полусестрата на Џорџина Родригез излезе со обвинувања во шпанските медиуми и се закани дека ќе објави мрачни детали од нивното минато.

polusestrata-na-djordjina-se-zakanuva-im-pomaga-na-site-no-ne-i-na-moite-deca-kje-iznesam-detali-od-koi-taa-se-srami-01.jpg

Џорџина Родригез деновиве е во Катар, каде заедно со децата и блиски пријатели на семејството го бодри нејзиниот партнер Кристијано Роналдо, а нејзината полусестра Патриција, од другата страна на земјината топка се закани дека ќе изнесе голем број приватни детали од кои Џорџина најверојатно ќе се срами.

polusestrata-na-djordjina-se-zakanuva-im-pomaga-na-site-no-ne-i-na-moite-deca-kje-iznesam-detali-od-koi-taa-se-srami-02.jpg

Додека Џорџина на Инстаграм споделува фотографии од тоа како ужива во пустината со децата и блиските пријатели, нејзината полусестра, за која речиси и никој не знаеше до неодамна, дава изјави за медиумите во кои ѝ се закани на партнерката на Роналдо.

polusestrata-na-djordjina-se-zakanuva-im-pomaga-na-site-no-ne-i-na-moite-deca-kje-iznesam-detali-od-koi-taa-se-srami-04.jpg

Патриција (34) на почетокот на годината даде интервју за шпанските медиуми каде тврдеше дека нејзината полусестра Џорџина (28) одлучила да го прекине контактот со неа по смртта на нивниот татко во 2019-та година, откако тој имал мозочен удар непосредно по излегувањето од затвор.

Патриција вели дека речиси 3 години е бездомничка и живее кај пријатели и роднини.

„Немам пари и сестра ми не ми помага. Ме боли за децата, не за мене. Мене ми треба само парче леб за да јадам, но на моите деца, што ѝ се внуци...

Некогаш имам доволно за да јадам, некогаш немам. Некогаш имам за кирија, некогаш немам. Знам дека таа нема никаква обврска кон мене, но штом толку ги поддржува и е добра со другите, може да ѝ помогне и на нејзините внучиња“ – рече таа.

polusestrata-na-djordjina-se-zakanuva-im-pomaga-na-site-no-ne-i-na-moite-deca-kje-iznesam-detali-od-koi-taa-se-srami-05.jpg

Сега, неколку месеци подоцна Патриција повторно даде изјава за шпанските медиуми во која ја обвини Џорџина дека e измамничка и ѝ се потсмева на нејзината сиромаштија во разговорите со членовите на нивното семејство.

„Претходно ѝ испратив број од училиштата на децата за да ни помогне со книги или со нешто што им треба, но таа ништо не плати“ – вели таа и додава дека била повредена затоа што дознала дека Џорџина наводно ја исмева за лошата финансиска ситуација.

polusestrata-na-djordjina-se-zakanuva-im-pomaga-na-site-no-ne-i-na-moite-deca-kje-iznesam-detali-od-koi-taa-se-srami-06.jpg

Таа сега се заканува дека доколку Џорџина не ѝ помогне ќе објави детали од нејзиниот живот, што инфлуенсерката и партнерка на Кристијано Роналдо не би сакала да се дознаат.

polusestrata-na-djordjina-se-zakanuva-im-pomaga-na-site-no-ne-i-na-moite-deca-kje-iznesam-detali-od-koi-taa-se-srami-08.jpg

Претходно во интервјуто, Патриција откри повеќе детали за животот со нивниот татко и тврдеше дека тој имал две семејства – едно со мајката на Џорџина и едно со нејзината мајка, а сподели моменти и од неговите криминални дејствија.

„Мајка ми знаеше за мајка ѝ на Џорџина и дозволи тоа да се случи. Татко ми имаше пиштол и знаеше да се заклучи во една соба. Еден ден јас со моите сестри влеговме во собата, а тој подготвуваше некои пакети и го прашавме што е тоа, а тој ни рече дека се пакети со храна за сиромашните“ – раскажа Патриција.

polusestrata-na-djordjina-se-zakanuva-im-pomaga-na-site-no-ne-i-na-moite-deca-kje-iznesam-detali-od-koi-taa-se-srami-10.jpg

Инаку, познато е дека таткото на Џорџина, Хорхе Едуардо Родригез бил во затвор за продажба на дрога и бил отсутен од нејзиниот живот многу долг период, а нејзината сестра Ивана, пак, тврдеше дека тој бил неправедно отсутен.

Прочитајте и Татко ѝ бил во затвор за продажба на дрога, работела како дадилка во Лондон: Факти за Џорџина Родригез

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Славни личности кои беа неразделни пријатели, но денес не зборуваат Том Круз и Џејми Фокс беа добри пријатели, сè додека Кејти Холмс не застана меѓу...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg