Оливија Вајлд во проѕирен фустан без градник му покажа на Хари Стајлс што пропушта, по разделбата
- Детали
- среда, 07 декември 2022
Пред еден месец раскина со дечкото со кого го изневери долгогодишниот партнер, а сега Оливија Вајлд одлучи да му покаже на Хари Стајлс што пропушта. Се појави на црвен тепих во проѕирен фустан без градник...
Премиерата на нејзиниот најнов филм Don’t Worry Darling во Венеција падна во сенка на скандалите со нејзиното сега веќе поранешно момче Хари Стајлс (28), кој навидум му плукна во скут на колегата Крис Пајн, но филмот ја доби заслужената награда.
Оливија Вајлд успеа да го украде вниманието на црвениот тепих на People's Choice Awards, што се одржа вчера (06.12) во Санта Моника.
Актерката и режисерка на црвениот тепих се појави во црн проѕирен фустан од тантела, без градник, но затоа носеше црни килоти со кои ги покри барем интимните делови од телото.
По скандалот на филмскиот фестивал, во ноември минатиот месец беше откриено дека Оливија веќе не е во врска со Хари Стајлс.
За потсетување, Оливија и Хари ја започнаа врската додека тој ја толкуваше главната машка улога во нејзиниот филм Don’t worry Darling, а нивната врска предизвикала конфликти меѓу актерите, затоа што режисерката, според нив, за време на снимањето „бесрамно“ го изневерувала поранешниот партнер Џејсон Судекис со кого има две деца.
Прочитајте и Афера, кавги: Сите детали за скандалот на филмскиот фестивал во Венеција кога Хари Стајлс наводно го плукна Крис Пајн
Во рамки на вчерашниот настан, нивниот филм Don’t Worry Darling ја доби наградата за најдобра драма во 2022-ра година.
„Го снимивме овој филм во 2020-та година кога луѓето не веруваа дека публиката ќе се врати во кино салите, ако тие воопшто бидат отворени повторно... Но, филмската екипа се појавуваше секој ден за време на пандемијата“ – рече таа кога ја доби наградата.
Погледнете повеќе фотографии од смелото издание на Оливија Вајлд во продолжение:
Б. С. Б. | Црнобело