Афера, кавги: Сите детали за скандалот на филмскиот фестивал во Венеција кога Хари Стајлс наводно го плукна Крис Пајн
- Детали
- среда, 07 септември 2022
Режисерката е во конфликт со една од актерките, главниот актер ѝ е бивши љубовник, а премиерата во Венеција беше засенета од скандали и шпекулации за однесувањето на актерите. Како врската на Оливија Вајлд со Хари Стајлс предизвика непотребна драма во Венеција?
Видеото од филмскиот фестивал во Венеција каде познатиот музичар Хари Стајлс му плукна на колегата Крис Пајн во скут вирално се прошири на социјалните мрежи.
Did Harry Styles spit on Chris Pine???
— Barstool Sports (@barstoolsports) September 6, 2022
THIS LEAGUE@ChicksInTheOff
https://t.co/26g7ZZSkrU
Крис Пајн, кој седеше помеѓу Хари Стајлс и поранешната девојка на музичарот, Оливија Вајлд, на миг престана да ракоплеска, по што почнаа гласините дека Стајлс најверојатно му плукнал во скут.
Во текот на изминатиот ден претставник за односи со јавност на актерот Крис Пајн, коментираше дека гласините не се точни и дека актерите се во одлични односи и се почитуваат меѓусебно.
„Да биде јасно, Хари Стајлс не плукна врз Крис Пајн. Меѓу нив постои само почит и сите поинакви претпоставки се само обид за да се создаде драма, каде што не постои“ – изјави портпаролот на актерот.
Но, по се изгледа, Хари Стајлс и Крис Пајн не се единствените што имаат меѓусебен конфликт во рамки на актерскиот тим на филмот Don’t Worry Darling.
Филмот доби 4-минутни овации во Венеција, но таблоидите се многу позаинтересирани за влошените односи помеѓу актерите.
Пред премиерата на филмот имаше шпекулации дека Хари Стајлс и режисерката Оливија Вајлд раскинале, откако беа заедно од 2020-та година.
Нивната врска, пак, предизвикала конфликт меѓу режисерката Вајлд и актерката Флоренс Пjу, на која не ѝ се допаѓало тоа што Вајлд почнала афера со Хари додека сè уште била во врска со актерот Џејсон Судекис, со кого има и две деца.
Актерите воопшто не се чувствувале пријатно кога Судекис и децата доаѓале на сетот, а сите знаеле дека режисерката Вајлд има афера со Хари Стајлс, а конфликтот меѓу двете жени бил видлив и на премиерата во Венеција.
Магазинот Variety пишува дека за време на овациите што ги добил филмот Пу се тргнала од Вајлд и се свртела кон колегата Ник Крол. Ник Крол исто така доби и бакнеж во уста од Хари Стајлс по овациите.
What a kiss from Harry Styles and Nick Kroll @LightsCameraPod pic.twitter.com/Q4XcQHXdjM
— Barstool Sports (@barstoolsports) September 5, 2022
Дополнително, иако Флоренс Пју се појави на премиерата на филмот, таа одбива да се вклучи во сите активности поврзани со промоцијата на филмот, токму заради конфликтот со режисерката.
Се поставува прашањето дали Оливија Вајлд ќе се соочи со неуспех токму заради тоа што филмот многу повеќе внимание привлекува заради драмата што постои помеѓу актерскиот тим, отколку со својата содржина.
Дали аферата со Хари Стајлс е главна причина за сите несогласувања што се појавија меѓу актерите?
Прочитајте и Скандал на филмскиот фестивал во Венеција: Хари Стајлс го плукна колегата Крис Пајн, потоа во уста бакна друг маж (видео)
Б. С. Б. | Црнобело