Ештон Кучер сакал да се самоубие за да може да го донира срцето за брат му: „Итно му требаше трансплантација“

Едниот од лекарите има изјавено дека актерот бил сериозен во намерата:

„Ештон отиде кај неговите родители и им рече 'Земете го моето срце'. Беше искрен. Навистина сакаше да му го даде на својот брат“.

За среќа, за помлаку од 24 часа, бил најден погоден донор за Мајкл и неговиот живот бил спасен.

Иако љубовта помеѓу Мајкл и Ештон е повеќе од очигледна, кога актерот почнал да се прославува, тие забележале тензија во нивниот однос.

eshton-kucher-sakal-da-se-samoubie-za-da-mozhe-da-go-donira-srceto-za-brat-mu-itno-mu-trebashe-transplantacija-10.jpg

На Мајкл му пречело што Ештон го сожалува, а според него, ова се влошило кога станал славен.

Мајкл признава дека чувствувал и љубомора поради успехот на брат му, а ова дополнително го заладило нивниот однос.

„Имаше мигови кога гледав како добива повеќе внимание од мене. Тоа до некаде направи да се чувствувам љубоморно“.

eshton-kucher-sakal-da-se-samoubie-za-da-mozhe-da-go-donira-srceto-za-brat-mu-itno-mu-trebashe-transplantacija-04.jpg

Кога Мајкл решил да зборува со Ештон за ова, тие успеале да ја подобрат нивната врска.

„Мајк дојде кај мене, ме погледна и ми рече: 'Секојпат кога ме сожалуваш, ме правиш подолна личност. Ова е единствениот живот што го знам, па престани да го сожалуваш единственото нешто што го имам'.

Тоа тогаш предизвика промена, по што нè гледав како еднакви. Штом разговаравме, сфатив дека тој уште е мојот брат. Можеби светот го гледа поразлично, но јас го знам“.

eshton-kucher-sakal-da-se-samoubie-za-da-mozhe-da-go-donira-srceto-za-brat-mu-itno-mu-trebashe-transplantacija-1.jpg

Но, во 2003 година, нивниот однос повторно се влошил. Тогаш актерот сподели со јавноста дека Мајкл има церебрална парализа, а Мајкл бил гневен за ова.

Имено, Ештон не бил свесен дека Мајкл сака неговата болест да биде тајна, односно да не биде споделена со целиот свет.

„Не знаев дека го издадов бидејќи не знаев дека тоа е тајна“, вели актерот.

eshton-kucher-sakal-da-se-samoubie-za-da-mozhe-da-go-donira-srceto-za-brat-mu-itno-mu-trebashe-transplantacija-12.jpg

Сепак, Мајкл решил да ја искористи популарноста што ја добил од брат му и да ја зголеми свесноста за болеста.

„Кога пораснав ми беше тешко да откријам кој е Мајкл. Штом Ештон ми ја даде можноста вистински да го покажам тој дел од мене, си помислив: 'Па, ако веќе сите знаат, можам да направам нешто добро со тоа. Можам да пробам да ја зголемам свеста за болеста'“.

eshton-kucher-sakal-da-se-samoubie-za-da-mozhe-da-go-donira-srceto-za-brat-mu-itno-mu-trebashe-transplantacija-02.jpg

Денес Ештон и неговиот брат близнак се во одличен однос и велат дека сите разлики сега се зад нив.

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Двапати банкротирал, има трауми од повредата на половиот орган – Ал Пачино откри досега непознати де... Благодарение на мајка му успеал да ја избегне судбината на неговите најблиски др...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
Линдзи Лохан – 10: Славни личности со најмногу апсења Винона Рајдер била уапсена петпати во една година, додека таткото на Чарли Шин б...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
Најомразениот холивудски актер: Две негови девојки си го одзеле животот, бил ужасна личност Поради неговото однесување никој не му отишол на погреб и никој не сакал да ги к...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg