Рита Ора во долна облека и впечатлива шминка, Вини Харлоу во „невидлив“ фустан – Највпечатливите изданија на British Fashion Awards 2022 (фото)
- Детали
- вторник, 06 декември 2022
Со впечатлива шминка која потсетува на морска сирена, проѕирна тоалета што повеќе наликува на долна облека и високи потпетици, Рита Ора успеа да го украде шоуто на доделувањето на модните награди во Британија.
Настанот се одржа во понеделникот (05.12.) во Royal Albert Hall во Лондон, а многумина беа изненадени од смелото издание на пејачката со оглед на тоа што ова е настан што се одржува во студените месеци од годината.
На црвениот тепих таа го тргна палтото и се фотографираше само во смелата тоалета за да постигне максимален ефект.
https://twitter.com/VANITYxVAULT/status/1599872775560130560
На настанот се појавија и голем број други познати личности како Наоми Кемпбел, Лили Ален, Флоренс Пју, но никој не носеше толку смела тоалета како онаа на Рита Ора.
Корисниците на Твитер и модните уредници се согласни дека нејзината шминка долго време ќе се памети.
https://twitter.com/kirkpate/status/1599916887659642883
Погледнете повеќе фотографии од настанот:
Б. С. Б. | Црнобело