Џесика Алба пие солена вода: Најчудните навики и ритуали на познатите личности

Марк Волберг

Во 2018 година, актерот сподели како изгледа неговата дневна рутина и, сигурни сме дека никој друг не би го издржал тоа темпо.

Имено, актерот се будел во 2:30 наутро, јадел двапати дневно, одел на тренинг, играл голф и одел на терапија за стимулирање на мускулите.

По завршувањето на работните обврски, повторно одел на тренинг и си легнувал во 19:30 часот.

dzhesika-alba-pie-solena-voda-najchudnite-naviki-i-rituali-na-poznatite-lichnosti-07.jpg

Криси Тајген

Криси сподели дека открила „генијален“ начин да ужива во чипс, без да внесува екстра калории.

Таа вели дека само ги лиже зачините од чипс како Doritos, но не го јаде парчето чипс.

„Го чувствувате вкусот, но не внесувате јаглехидрати!“

dzhesika-alba-pie-solena-voda-najchudnite-naviki-i-rituali-na-poznatite-lichnosti-08.jpg

Џесика Алба

Познатата актерка вели дека редовно пие чаша вода со хималајска сол.

Наводно, обичната вода не била доволна за неа поради напорни тренинзи, но и поради тоа што имала низок крвен притисок и ниско ниво на шеќер во крвта.

dzhesika-alba-pie-solena-voda-najchudnite-naviki-i-rituali-na-poznatite-lichnosti-09.jpg

Вејн Руни

Британскиот фудбалер има споделено дека страда од несоница.

Па, кога не може да спие, вклучувал правосмукалка или фен за коса бидејќи вревата му помагала да се релаксира и, по некое време, да заспие.

dzhesika-alba-pie-solena-voda-najchudnite-naviki-i-rituali-na-poznatite-lichnosti10.jpg

Блејк Лајвли

Во 2014 година, Блејк откри дека на косата става мајонез и наводно ова е трик што го научила од мајка ѝ.

Таа го нанесува мајонезот на врвовите на косата пред да ја измие и вели дека од ова косата ѝ е многу помека.

dzhesika-alba-pie-solena-voda-najchudnite-naviki-i-rituali-na-poznatite-lichnosti-11.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg