Џесика Алба пие солена вода: Најчудните навики и ритуали на познатите личности
- Детали
- четврток, 08 декември 2022
Криси Тајген има изјавено дека само го лиже зачинот од чипсот како Doritos и не го јаде, бидејќи вака уживала во вкусот без да внесува екстра калории – кои други познати личности имаат чудни навики?
Секој од нас има некоја навика што можеби им изгледа чудно на другите, а и познатите личности не се исклучок.
Кoи се необичните навики и ритуали на славните?
Кети Пери
Познатата пејачка тврди дека ги мие забите најмалку трипати дневно.
„Постојано си ги мијам забите бидејќи отсекогаш сакав да имам блескава насмевка. Но, во детството имав кариес на 13 заба, па веројатно ви е јасно зошто сум загрижена“.
Извор близок до пејачката, пак, вели дека неретко таа ги мие забите и по шестпати дневно бидејќи не сака да заврши на заболекар.
Кит Харингтон
Ѕвездата од „Игра на тронови“ изјави дека има „среќно пенкало“ кое постојано е со него.
„Уште од детството имам амајлија – пенкало – и го носам насекаде“.
Актерот има и друга необична и по малку суеверна навика – вели дека секојпат пред да влезе во авион, го допира трипати.
Мараја Кери
Во 2013 година, извори блиски до пејачката открија дека за да се ослободи од вишокот килограми по бременоста, трипати во неделата јадела само виолетова храна, како сливи и грозје.
Во 2016-та, пак, Мараја самата откри дека спие со 20 навлажнувачи на воздух во нејзината спална, на некој начин претворајќи ја во соба со пареа.
Според неа, ова ѝ помага да го одржува гласот.
Џесика Бил
Во 2017 година Џесика Бил сподели фотка на која јаде во туш-кабината, додека од тушот тече вода.
Таа објасни дека ова било „најнормално за секоја мајка“.
Актерката изјави дека кога го добиле синот со Џастин, имала толку многу обврски, што неретко јадела додека се туширала.
Кејт Хадсон
Кејт Хадсон тврди дека ја затегнува кожата на лицето со ориз.
Односно, го става лицето во сад полн со ориз и вели дека е исто како да си го ставила лицето во сад со студена вода.