Ким видно вознемирена, Канје ја разгалува ќерката со подароци по финализирањето на разводот - ќе ѝ плаќа 200.000 долари месечно за алиментација
- Детали
- среда, 30 ноември 2022
Ким Кардашијан и Канје Вест конечно го финализираа разводот и го поделија имотот. Сега тие имаат заедничко старателство над четирите деца, Канје ќе плаќа 200.000 долари месечно за алиментација, а Ким доби поголем дел од луксузните имоти што ги купија заедно.
Речиси две години откако се разделија, Ким Кардашијан и Канје Вест конечно го финализираа разводот.
По бурната судска битка, раперот и ријалити ѕвездата успеаја да се договорат за старателството на нивните деца, но и за поделбата на заедничкиот имот.
Според TMZ, 42-годишната Ким ќе добива 200.000 долари месечно од Канје како алиментација, а парот доби заедничко старателство над нивните четири деца.
Сепак, според изворите, децата ќе бидат кај Ким во поголемиот дел од времето.
Исто така, Канје ќе треба да покрие 50% од трошоците за образование, но и обезбедување на нивните деца.
Ким доби и голем дел од заедничкиот имот, вклучувајќи куќа во Јужна Калифорнија која чини 4,5 милиони долари, куќата во којашто живее сега и која се проценува на 60 милиони долари, како и имот во Ајдахо.
Канје, пак, доби вила на Малибу која чини 60 милион долари, имот во Белгија, како и домот во Чикаго во којшто пораснал.
Извори блиски до Ким тврдат дека ријалити ѕвездата цела година се обидувала да го убеди Канје да го финализираат разводот, но раперот одбивал:
„Трпението на Ким беше ставено на тест, но таа смирено се справи со ситуацијата и по некое време Канје се согласи“.
Иако се чини дека Ким „победила“ во разводот, ријалити ѕвездата е очигледно во лошо расположение по сослушувањето за финализирањето на разводот.
Ким беше фотографирана пред студиото за снимање на Тревис Баркер – сопругот на Кортни Кардашијан – и наместо да слави за „победата“, изгледаше видно вознемирена.
Таа беше во лежерно издание со сиви тренерки и патики, а косата ѝ беше собрана во пунџа.
Според изворите, во студиото Ким имала средба со целото семејство во врска со финализирањето на разводот – по Ким, папараците ги уловија и Кортни Кардашијан, Клои и Крис Џенер пред студиото.
Во меѓувреме, Канје Вест беше забележан во Лос Анџелес со ќерката Норт.
45-годишниот рапер и 9-годишното девојче беа фотографирани како излегуваат од продавница во трговски центар со две големи кеси играчки.
Ким и Канје се венчаа во Фиренца во 2014 година и заедно имаат четири деца. Ким поднесе барање за развод во февруари 2021 година, а Канје упорно одбиваше да го финализира разводот.
Поради ова, во март годинава Ким побара да биде прогласена за „легално слободна“, а Канје се обидуваше да ја саботира и оваа нејзина желба. Сепак, пресудата беше во корист на Ким.
Поради проблематичното однесување на Канје изминатава година, Ким се обидуваше да се дистанцира од него.
„Немаат никаква комуникација, а кога станува збор за децата, ги координираат распоредите преку нивните асистенти“, изјави извор за TMZ.
Извесен период Канје беше убеден дека повторно ќе ја освои Ким, но се чини се помирил со фактот дека нивниот брак дефинитивно е завршен.
Спирова С. | Црнобело