Кетрин Зита Џонс го спореди Мајкл Даглас со скапа чанта: „Ќе потрошиш цело богатство, а потоа сфаќаш дека не ти се допаѓа“
- Детали
- вторник, 29 ноември 2022
Заедно се 25 години, а беа разделени во 2013-та кога тој изјави дека добил рак на грлото од орален секс, а нејзе ѝ беше дијагностицирано биполарно пореметување. Кетрин Зита Џонс отворено говори за 25-годишниот брак со холивудскиот актер и го спореди со скапа чанта.
Уште во периодот кога ја започнуваа врската, Кетрин Зита Џонс (53) и Мајкл Даглас (78) привлекуваа големо внимание заради 25-годишната разлика помеѓу нив, а многумина очекуваа дека нивниот брак нема долго да трае.
Заедно имаат две деца и по 25 заеднички години, тие сѐ уште се во брак, иако во 2013-та година накратко се разделија откако тој даде скандалозна изјава дека добил рак на грлото од орален секс, а нејзе ѝ беше дијагностицирано биполарно пореметување.
Сега, 25 години подоцна, Кетрин отворено говореше за подемите и падовите за време на заедничкиот живот, па рече:
„Невозможно е да немате подеми и падови ако живеете со истата личност и се будите со неа секој ден. Се будам до Мајк веќе 25 години. Убаво ми е во бракот, но кога ќе размислите подобро, тоа е луда работа“ – вели Кетрин, па потоа сопругот го спореди со скапа чанта.
„Дали сакаш да се омажиш за мене? Секако! А потоа за тоа размислувате како за скапата чанта од Chanel за која сте потрошиле цело богатство и веќе не ви се допаѓа – па сакате да ја продадете“ – вели таа.
Прочитајте и Му зема 45 милиони долари за да му даде развод, ја обвинуваат дека е лоша мајка – Која е првата сопруга на Мајкл Даглас?
Кетрин вели дека големата разлика во годините никогаш не им била проблем.
„Се сеќавам дека луѓето ми велеа: ‘Кога ти ќе имаш 50 години, тој ќе има 75.’ Па видете, тоа е само математика“ – вели таа.
Инаку, Кетрин и Мајкл и по 25 години брак сѐ уште ја користат секоја можност за јавно да ја искажат својата љубов еден кон друг, па честопати објавуваат заеднички фотографии и видеа на социјалните мрежи.
Прочитајте и Го оставила кога дознала дека добил рак од орален секс - Факти за бракот на Кетрин Зита Џонс (52) и Мајкл Даглас (77)
Б. С. Б. | Црнобело