Му зема 45 милиони долари за да му даде развод, ја обвинуваат дека е лоша мајка – Која е првата сопруга на Мајкл Даглас?
- Детали
- сабота, 29 октомври 2022
„Ми требаше премногу долго за да сфатам дека ако одите кај брачен советник за да ги решите проблемите, тогаш во негов интерес е бракот да продолжи. Жалам само за тоа“ – рече во една прилика Мајкл Даглас за својата прва сопруга, која беше 13 години помлада од него.
Мајкл Даглас (78) веќе 22 години е во среќен брак со Кетрин Зита Џонс (53) и заедно имаат две деца, а малкумина помнат дека пред да ја почне врската со 25 години помладата актерка, тој беше во брак со друга жена.
Само 6 месеци пред официјално да стапи во брак со Кетрин Зита Џонс, Мајкл Даглас конечно се разведе од поранешната сопруга, а притоа загуби голема сума пари.
Која е првата сопруга на славниот актер и зошто се разведоа?
На врвот на кариерата Мајкл Даглас имаше проблеми со алкохолизмот, во 2011-та година се бореше со рак на грлото, а во својот живот вели дека жали само за една работа, а тоа е разводот со неговата прва сопруга.
Пред да ја запознае Кетрин Зита Џонс, Мајкл 23 години беше во брак со Диандра Лукер, позната и како Диандра Даглас. Парот се запознал уште во 1974-та година, кога Диандра имала само 19 години, а Мајкл 32.
По 3 години забавување во 1977-ма година одлучиле да стапат во брак, а една година подоцна го добиле и синот Камерон (44).
Диандра е ќерка на австриски дипломат кој работел како амбасадор, а таа работела како филмски продуцент.
Таа и Мајкл се разделија уште во 1995-та година, но беа потребни дополнителни 5 години и огромна сума пари за конечно да се разведат.
Нивниот развод се вбројува меѓу еден од најскапите во историјата со тоа што Мајкл Даглас требало да ѝ исплати 45 милиони долари на поранешната сопруга за да се разведат.
Иако не се коментира која е вистинската причина заради која парот одлучил да се раздели, според шпекулациите Диадра веќе не можела да се справи со алкохолизмот на актерот и неговите неверства.