Хејли Бибер дува свеќичкa на салата наместо торта, за 26-тиот роденден што го прослави во Токио (фото)
- Детали
- среда, 23 ноември 2022
Наместо на торта, Хејли Бибер дуваше свеќичкa на салата за 26-тиот роденден што го прослави во Токио во друштво на Џастин Бибер и Кендал Џенер. Претходно Хејли беше „обвинета“ дека има филери во усните, а роденденските фотки повторно ги разгореа овие гласини.
Хејли Бибер го прослави 26-иот роденден во Токио во друштво на сопругот Џастин Бибер, но и пријателките Кендал Џенер и Џастин Скај.
Најпрво Џастин сподели неколку фотки од патувањето со слатка роденденска честитка:
„Среќен роденден (во Јапонија) на моето омилено човечко суштество. Ти ми го правиш животот волшебен. Опседнат сум со сè поврзано со тебе. Те сакам“.
На фотографиите и Џастин и Хејли се во лежерно издание и позираат покрај бамбусови дрвја и мало езерце.
Потоа и Хејли сподели фотки од прославата и патувањето. Дел од фотките се направени во ресторан во Токио каде што Хејли дува свеќичка, но не на торта, туку на салата.
Според останатите фотографии, Хејли ја завршила прославата со караоке забава.
Џастин Бибер сподели и фотографии на кои Хејли е во природно издание, без грам шминка.
За роденденот Хејли ги изрекламира новите продукти од нејзината линија производи за убавина.
Новиот продукт е третман за усни, а Хејли го промовираше само неколку денови откако фановите „ја обвинија“ дека има филери во усните.
Новите фотографии само дополнително ги разгореа овие гласини, без разлика што Хејли ги негира.
Дури и Дана Омари – популарна Инстаграм инфлуенсерка и козметичарка – изјави дека Хејли најверојатно има филери.
„Има филер настрана од линијата на нејзината усна. Или филерот е лошо ставен настрана од усните или почнал да се поместува. Добар козметичар би пробал да го отстрани“.
Повеќе фотки од Хејли и Џастин во Токио:
Спирова С. | Црнобело