Ќерката на Џони Деп за првпат јавно за нејзиното семејство: „За постапките на татко ми не одговарам, мајка ми ми е идол“
- Детали
- четврток, 17 ноември 2022
„Чувствувам потреба дека никој не смее да ги знае моите размислувања. Исто така, сметам дека нема потреба да одговарам за ничии постапки“ – Ќерката на Џони Деп, Лили Роуз за првпат прозборе за судењето на нејзиниот татко, против Амбер Херд, но и за скандалозната нова серија во која ќе се појави.
Речиси два месеца јавноста имаше можност да следи како јавно се објавуваат детали од брачниот живот на Џони Деп и Амбер Херд.
Од видеата како таа гола ги пречекува љубовниците, до бизарните тврдења за измет во креветот - речиси ниту еден детаљ од нивните брачни расправии не остана скриен.
За време на целото јавно судење што Џони Деп го имаше против поранешната сопруга Амбер Херд, неговите деца не се огласуваа во јавност и не сакаа да ги коментираат случувањата.
Актерот во една прилика сведочеше за односот на Амбер Херд со неговите деца, па рече дека неговата ќерка Лили Роуз Деп не сакала ниту да дојде на неговата свадба.
Сега, Лили Роуз за првпат јавно прозборе и кажа што мисли за јавното судење каде целата светска јавност имаше можност да проследи што се случувало во приватниот живот на нејзиниот татко.
Лили Роуз Деп даде подолго интервју за магазинот Elle каде говореше за нејзината најнова улога во серијата Idol (која доби критики заради големиот број жешки секс сцени заедно со музичарот The Weeknd), а меѓу другото прокоментира и за тоа како изгледало нејзиното детство во семејството на две мега-популарни личности.
„Моите родители се обидуваа колку е можно повеќе да нѐ заштитат мене и брат ми Џек од славата. Знам дека моето детство е многу поразлично од детството на другите луѓе, и навистина е тешко да се справите со тоа, но само за такво детство знам...
И кога нешто што е толку многу приватно ќе стане јавно... Чувствувам потреба дека никој не смее да ги знае моите тајни размислувања.
Исто така, сметам дека нема потреба да одговарам за ничии постапки, и дека за време на целата моја кариера луѓето сакаат да ме дефинираат според мажите во мојот живот, без разлика дали се тоа членовите на моето семејство или моите дечковци, а јас сакам само да ме дефинираат според она што го работам“ – вели таа.
Лили вели дека додека растела нејзината мајка ѝ била вистински идол, па дури кога била дете ја прашувала што ќе облече тој ден за да се облечат исто и сакала да изгледа исто како мајка ѝ.
Прочитајте и Се бори со анорексија, во лоши односи е со Амбер Херд – што знаеме за ќерката на Џони Деп?
Лили Роуз застана во одбрана на улогата во новата ТВ серија Idol, која предизвика голем број критики заради жешките секс сцени, па рече:
„Не сум заинтересирана да правам нешто конзервативно. Не сум заинтересирана да работам нешто што не ми е предизвик или што не претставува предизвик за другите луѓе.
Сметам дека овие серии се бестрашни и дека бев мошне возбудена и горда да работам на нив, со нетрпение очекувам да ги погледнете.“
Погледнете го трејлерот за серијата:
Б. С. Б. | Црнобело